Забава
Некои од најважните моменти на црвениот тепих на наградите БАФТА
„Дина“ можеби освои најмногу награди, но „Моќта на кучето“ се покажа премногу моќен кога беа во прашање најдобрите категории на вечерта на доделување награди на Британската академија за филм и телевизија (БАФТА).
Вестернот со Бенедикт Камбербач во главната улога освои награда за најдобар филм и најдобра режија за Џејн Кемпион ставајќи го на добра позиција пред „Оскарите“ подоцна овој месец.
Вил Смит, Трој Котсур и Аријана Дебоуз го зацврстија својот статус како фаворити за „Оскар“.
А што се однесува до најинтересните моменти на црвениот тепих, а и потоа, медиумите издвоија неколку од синоќешната церемонија во „Ројал Алберт хол“, која означи враќање на настанот лично со целосен капацитет.
Австралиската комичарка Ребел Вилсон имаше импресивно деби како домаќин.
Лејди Гага (лево) и минатогодишната победничка Баки Бакрај (десно) ѝ ја доделија наградата за ѕвезда во подем на Лашана Линч.
Аријана Дебоуз не беше подготвена за британското време.
„Следниот пат ќе се консултирам со временската прогноза за да знам што да облечам“, се пошегува победничката за најдобра споредна актерка во изјава за новинарите зад сцената по дождливиот црвен тепих.
Но, непознато за многумина, нејзиниот прекрасен фустан – креација на Оскар дела Рента – всушност се покажа како политичка изјава – кога ќе се стави заедно со оној на нејзината колешка од West Side Story („Приказна од западната страна“).
„Дали некој виде што носи Рејчел Зеглер? Бидејќи ние двете стоиме покрај Украина и сериозно тоа го рефлектираме во боја“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Леонардо ди Каприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе
Леонардо ди Каприо наводно добил улога на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува „Variety“. Улогата на Ава Гарднер и припадна на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.
Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколку пати.
Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите како Банди на Њујорк, Авијатичарот, Заминат, Островот затворач и Волкот од Волстрит. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 Оскари.
Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.
Забава
Роберт де Ниро откри кои се неговите омилени актери на сите времиња
Има малку актери кои можат да се споредат со Роберт де Ниро.
Добитник е на два Оскари и седум номинации во актерски категории. Де Ниро е титан на холивудското платно кој постигна некои од неговите најнезаборавни изведби во филмовите на Мартин Скорсезе, Френсис Форд Копола и Квентин Тарантино.
Де Ниро ја имаше својата прва улога во филмот на Скорсезе Mean Streets од 1973 година. Тој толку многу го освои славниот режисер што го нарече „најголемиот актер на неговата генерација“.
Кариерата на Роберт де Ниро беше обележана со улоги во мрачни трилери и гангстерски филмови, за кои стана синоним за Ал Пачино, Џо Пеши и Реј Лиота.
Запрашан за неговите најрани филмски влијанија, Де Ниро откри дека црпел инспирација од британската кинематографија. Што се однесува до Америка, тој како најинтересни актери ги издвојува Џејмс Дин, Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Ким Стенли и Грета Гарбо.
Омилени актери на Роберт де Ниро се: Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Џејмс Дин, Грета Гарбо, Алберт Фини, Ричард Харис, Ким Стенли.
Забава
Хороскопски знак кој има најмногу среќа во животот
Астролозите тврдат дека еден знак од Зодијакот има повеќе среќа во текот на животот од сите други. Благодарение на својата природа, но и на среќниот пат на судбината, тие често успеваат да се најдат на вистинското место во вистинско време, а голема е веројатноста дека околностите во животот ќе бидат такви што сè ќе им се случи на најповолен можен начин.
Овој среќен знак се Близнаците. Нивниот хороскоп е поволен и често во текот на животот ќе забележат дека работите одеднаш тргнале на подобро и дека одеднаш биле опкружени со изненадувачки добри околности.
Кај Близнаците коегзистираат две личности и двете се водат од логиката, но секоја од нив има своја посебна логика, а како што наведуваат астролозите, токму тој „поларитет во ставовите и погледите на светот“ резултира со неверојатна среќа.
Исто така, среќата ги следи Близнаците поради нивниот оптимизам. Ниту еден друг знак не покажува таква самодоверба.
Понекогаш Близнаците се окарактеризирани и како „дволични“, бидејќи знаат совршено да балансираат меѓу двата огна, притоа секогаш следејќи ги сопствените интереси. Како и да е, слободно може да се каже дека Близнаците се тие кои ќе победат во секоја борба.
Припадниците на овој знак речиси секогаш имаат среќа во изборот на брачен партнер, делумно поради фактот што нивната вистинска љубов е искрена и трае вечно. Дури и кога се чини дека нивниот брак виси на конец, Близнаците успеваат да ги надминат проблемите, а врската се продлабочува.