Hitech
Не биди роб на социјалните медиуми, земи ја контролата во свои раце
Во последно време сè почесто се спомнуваат фрази, како лажни вести, термин што звучи многу модерно, меѓутоа во реалноста е стар колку и новинарството. Она што го стави овој термин во фокусот на денешницата е можноста за брза и широка дистрибуција на веста преку социјалните медиуми.
Со самото присуство на социјалните медиуми се согласуваме нашите информации да бидат достапни и нашиот профил да биде достапен до сите огласувачи што може да нè бомбардираат со реклами и спонзорирани текстови. Иако мислиме дека контролата е во наши раце, всушност реалноста е дека не можеме секогаш да ги блокираме сите реклами и сите пријатели што споделуваат вести на својот профил.
Навикнати да ги примаме дневните информации преку социјалните медиуми, ние сме еден вид модерни робови кои имаат илузија дека изборот е нивен. Затоа, не оставајте социјалните медиуми да ви сервираат вести, инсталирајте ја апликацијата GRID и почнете со вашиот избор на информации.
Со апликацијата можете да си направите сопствен профил за информирање, изберете кои категории и медиуми сакате да ги следите и бидете во тек со сите информации и новости што се од ваш интерес. Дополнително, сами можете да направите категории користејќи клучни зборови и да ги следите само настаните или луѓето што ве интересираат. На овој начин нема да имате непотребни реклами, нема да имате спонзорирани вести и, најважно од сè, ќе го контролирате протокот на информации што доаѓа до вас. Вие одлучувате на кои медиуми да им верувате.
Едноставна за користење, апликацијата е бесплатна и веднаш достапна на Google Playstore или, доколку имате „ајфон“, може да се регистрирате и да бидете првите што ќе ја добијат новата iOS-верзија.
Платена ПР-објава
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
Во Кина побарувачката за мобилни телефони на „Епл“ значително се намали, продажбата на „Хуавеј“ скокна за 70 отсто
Испораките на мобилни телефони на „Епл“ во Кина паднаа 19 отсто во првиот квартал, што ја одразува заканата за доминантната позиција на американскиот гигант во повисокиот сегмент по враќањето на „Хуавеј“ на пазарот, покажуваат податоците на пазарот. Уделот на „Епл“ на најголемиот пазар на паметни телефони во светот падна на 15,7 отсто во првиот квартал, од 19,7 отсто на почетокот на 2023 година. Ова го доведе американскиот гигант речиси на исто ниво со „Хуавеј“, чија продажба скокна 70 отсто, според истражувачката компанија Counterpoint.
„Виво“ ја презеде круната на „Епл“ како најголем продавач на паметни телефони во Кина. Американската компанија падна на третото место, зад „Хонор“, бренд на подостапни уреди. На четврто место е „Хуавеј“, чиј пазарен удел скокна од минатогодишните девет на 15,5 отсто.
„Враќањето на „Хуавеј“ на пазарот директно влијаеше на „Епл“ во премиум-сегментот. Треба да се додаде дека побарувачката за нови мобилни телефони на „Епл“ за замена на постарите модели беше малку придушена во споредба со претходните години“, рече аналитичарот на Counterpoint, Иван Лам, во соопштението за печатот.
Во меѓувреме, „Епл“ почна промотивни кампањи обидувајќи се да ги привлече потрошувачите со попусти, вклучувајќи субвенционирање одредени модели на „Ајфон“ до 1.300 јуани (168,29 евра).
Минатата недела „Хуавеј“ ѝ ја претстави на јавноста новата серија смартфони Pura 70. Во август минатата година, по долга пауза, ја лансираа серијата Mate 60, која некои аналитичари ја протолкуваа како триумф над американските санкции, врз основа на софистицирано домашно производство на чип.
Канадската истражувачка компанија TechInsights очекува Кинезите да купат повеќе од 50 милиони мобилни телефони оваа година, вклучително и 10 милиони од Huawei Pura 70. Тоа ќе го стави „Хуавеј“ на прво место, со пазарен удел од 19 отсто, што е повеќе од 12 отсто минатата година.
Во првиот квартал кинескиот пазар на паметни телефони порасна 1,5 отсто продолжувајќи го позитивниот тренд од крајот на 2023 година, според Counterpoint.
Hitech
„Воцап“ воведе суптилна промена, корисниците во светот бесни
Со оглед на тоа дека има две милијарди активни корисници, слободно може да се каже дека „Воцап“ е една од најпопуларните апликации во светот. Но, многумина останаа бесни по новата суптилна промена воведена во платформата за пораки.
Наместо „онлајн“ и „пишува“, зборовите што вообичаено се појавуваат под имињата на луѓето во вашите разговори, сега има големи почетни букви на тие зборови. Иако ова звучи како мала промена, корисниците во светот воопшто не се задоволни поради тоа и се жалат на социјалните мрежи.
The word “online” was capitalized on @WhatsApp this week. Tell me why this is bothering me so much 🫠 pic.twitter.com/SfYqw0JdQ9
— Rebecca Franks (@riggaroo) April 13, 2024
„Дали на некој друг му пречи што наместо ‘онлајн’ и ‘пишува’, ‘Воцап’ сега исфрла големи букви?“, „Ова страшно ме нервира, ме болат очите кога го гледам“, „Воопшто не е некоја промена, но мене ми е неверојатно иритирачки“, пишуваат тие на „Икс“.
@isabellemariewa Wieso schreibt ihr das auf ein mal groß Whatsapp? Ich habe Fragen #fyp #whatsapp #relatable #foryou ♬ Originalton – Isabelle Marie
За жал, се чини дека промената ќе остане, без достапна опција во поставките за враќање на претходната верзија. Меѓутоа, ако новите големи букви навистина ве излудуваат, ќе бидете среќни кога ќе слушнете дека постои лесен начин за решавање. Сè уште има мали букви на WhatsApp Web.
@oicaramba Did whatsapp always capitalize the first letter of “typing” and “online”? #fyp ♬ original sound – oicaramba
@sophiepetrucciohall #whatappstatus #whatsapp anyone else noticed? #fyp #mybrain ♬ оригинальный звук – •🎧🎤•
Hitech
Xiaomi почна да произведува електрични автомобили
Кинескиот Xiaomi ги предупредува потенцијалните купувачи на електричниот седан SU7 дека можеби ќе треба да чекаат четири до седум месеци за нивниот автомобил поради големата побарувачка.
Производителот на паметни телефони и друга електроника за широка потрошувачка почна да прима нарачки за својот модел на електричен автомобил, кој влезе на пазарот во четвртокот и објави дека преднарачките го достигнале бројот 88.898 во првите 24 часа.
Според статусот на апликацијата за нарачки автомобили на Xiaomi, испораките за стандардниот модел SU7, по цена од 215.900 јуани или 29.870 долари, би можеле да траат помеѓу 18 и 21 недела.
Чекањето за испорака на моделот SU7 Pro би можело да трае од 18 до 21 недела, а за најскапиот модел, чија цена е 299.900 јуани или 41,5 илјад долари, може да се протега меѓу 27 и 30 недели.
SU7, чиј дизајн потсетува на моделите на спортски автомобили на Porsche Taycan и Panamera, беше лансиран во услови на жестока ценовна војна на светскиот пазар на автомобили, каде што повеќе од 40 марки се натпреваруваат за вниманието на потрошувачите.
Xiaomi не е без силни средства, забележуваат аналитичарите, кои истакнуваат дека има подлабоки џебови од многу стартапи за електрични возила и дека неговата експертиза во бизнисот со паметни телефони му дава предност во развојот на системи за електронски надзор, карактеристика што ја ценат кинеските потрошувачи.