Забава
Од музеј во Берлин украден златник вреден милион долари
Златникот со номинална вредност од милион американски долари е украден ноќта кон понеделникот од музејот „Боде“ во Мерлин, објави полицијата на германската престолнина на својот профил на Twitter.
Украдената монета позната како „Големиот јаворов лист“ тежи околу 100 килограми и е изработена од чисто злато. Вредноста на материјалот за нејзиното производство и самата изработка се проценуваат на околу 3,7 милиони долари.
Според информациите на берлинската полиција, дијаметарот на монетата изнесува 53 сантиметри, а дебелината е три сантиметра, на аверсот е изгравиран ликот на британската кралица Елизабета Втора. Мизејот „Боде“, кој е познат по својата колекција ретки и скапоцени монети, го позајмил експонатот на друг музеј за изложба.
Соопштено е дека непознатите го украле златникот музејски експонат околу 3,30 часот утрото по локално време. Во објектот влегле преку прозорец со помош на скала. Таа била најдена недалеку од објектот. Сé уште не е познато како крадците успеале да го исклучат системот за тревога и да го однесат тешкиот предмет.
Инаку најголемиот златник во светот е австралискиот „Црвен кенгур“, кој пред три години само два дена беше изложен во Минхен во седиштето на германската компанија којашто се занимава со промет на злато и други драгоцени метали „Pro Aurum“.
Работниците тогаш со помош на дигалка го подигнале златникот тежок еден тон со пречник од 80 сантиметри и го поставила на подлогата. Златникот е искован во ковачницата во австралискиот град Перт и на него е ликот на британската кралица Елизабета Втора, а на реверсот е лик на кенгур. Изработен е од 24 каратно злати и е проценет на 30 милиони евра./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.