Забава
Од порно актерка до пасторка во црква
Поранешната порно актерка, 33-годишната Кристал Басет, денес живее во Лос Анџелес и работи како пасторка во црква која самата ја формирала.
– Дефинитивно ова е енромна промена. Одам од една крајност во друга. Морав да побегнам од животот што го живеев, изјави Басет за „Баркофт Медија“.
Кристал досега настапила во над сто порно филмови и во последните десет години заработувала над 300.000 долари годишно.
Таа тврди дека решила да стане порно глимица за да може да го издржува нејзиниот син, кој го родила кога имала 16 години.
– Откако ја снимив првата порно сцена, отидов под туш и плачев два часа, изјави Басет, која во текот на својата кариера често се оддавала на алкохол и на таблети против болки, со цел, како што тврди, да може да глуми во порно филмовите.
Од својата актерска кариера купила куќа на Малибу и седум автомобили, меѓу кои и едно „Ферари“.
– Снимањето порно фимови ми стана рутина. Како работа во канцеларија од 9 до 17. Ќе го однесев синот на училиште и потоа одев на снимање, раскажува Басет.
Пресуден настан во нејзиниот живот била сообраќајната несреќа што ја имала во мај 2014 година, по која почнала редовно да оди во црква каде го запознала и нејзиниот иден сопруг, кој бил локален свештник.
Тие се венчале вд декември 2014, а веќе следната година добиле и син.
Набрзо по раѓањето на вториот син, Кристал и нејзниот сопруг формираче сопствена црква наречена „Нови почетоци“ и денес се нејизни пастори.
– Повеќе не се грижам за парите. Сега само сакам да им помагам на дргите. Не се каам за ништо, вели Басет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.