Забава
Отворен конкурс за демо рап песна
Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ организира конкурс за демо рап песна на кој може да се пријават сите неафирмирани македонски рап бендови или соло артисти.
Со овој повик „Центар-Јадро“ сака да го помогне развојот на домашната сцена и да им даде простор и поттик на талентираните рапери и раперки да ги раскажат своите приказни и искуства. Избраните бендови или артисти ќе добијат професионална сесија за снимање на оригинална музика, микс и мастер за песната во едно од студијата на Владимир Аговски Аго, Гоце Саф и Драги (Druggy), како и парична награда од 250 евра.
Што треба да направите?
-Изберете било каква музика (ваша или рандом музичка подлога), напишете свој текст и снимете го вашиот рецитал;
-Вашата снимка со времетраење од максимум 90 секунди може да ја пратите на два начини: како mp3/wav формат директно на е-mail, или на вашиот Facebook/Instagram профил, со користење на хаштагот #РапДемо2020 и таг на @centarjadro во вашиот пост;
– Ако праќате на e-mail, покрај демо снимката, треба да ја испратите и вашата кратка биографија, фотографија и контакт најдоцна до 8 ноември 2020г. на нашата адреса: [email protected] со назнака „РапДемо2020“.
-Може да направите пост-продукција на вашата демо снимка, но може да ја пратите и без никаква обработка, само бидете сигурни дека квалитетот на снимката е добар;
– Доставете песна што најдобро ве претставува вас и вашата музичка визија.
„Ги охрабруваме сите неафирмирани македонски бендови и соло артисти кои прават или сакаат да прават авторска музика и кои немаат официјално издание за некоја продуцентска куќа или настап на некој од поголемите фестивали (Таксират, Д Фестивал, итн) да се пријават на конкурсот. Покрај паричната награда, ќе имаат бесплатна можност за соработка со етаблирани продуценти и снимање во професионално студио. Комисијата составена од продуцентите што ќе ги продуцираат песните и еден член на КСП „Центар-Јадро“ од сите пристигнати демо-снимки ќе одбере 6 песни. Избраните артисти ќе снимаат целосно нова песна независна од нивната демо снимка“, велат од „Центар-Јадро“.
КСП „Центар-Јадро“ ја задржува можноста да ги објави сите пристигнати демо снимки. КСП „Центар-Јадро“ ќе ги објави сите 6 песни кои ќе бидат направени во професионалните студија на своите социјални медиуми. Демо снимките треба да бидат необјавени и неиздадени, во спротивно ќе бидат дискфалификувани.
Пријавите можат да бидат најдоцна испратени до 8 ноември 2020 година. Конкурсот е реализиран со поддршка од Амбасадата на Швајцарија во РСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Меган Маркл бакна друг маж, реакцијата на принцот Хари стана вирална на социјалните мрежи
Пред неколку дена на хуманитарното натпреварување во поло во Велингтон, Флорида, избраниците на принцот Хари забележаа две победи, што значи дека беа шампиони на овој мини турнир.
Меѓутоа, кога дојде моментот да им се честита трофејот, дојде до неочекувана, но симпатична реакција од војводата од Сасекс, кој не можеше да ја задржи својата љубомора.
Имено, Меган Маркл, сопругата на Хари, се качи на сцената за да им честита на победниците. Војвотката го бакна на двата образа соиграчот на Хари и капитен на тимот, Малколм Борвик, а реакцијата на нејзиниот сопруг на потегот стана вирална на социјалните мрежи.
@czedits__fp__ 😭😭 #princeharry#meghanmarkle#sussexroyal#sussex_family#royal#harryandmeghan#dukeharry#duchessmeghan#dukeofsussexs#duchessofsussex#fyp#meghanandharry#dukeandduchess#royalcouple#meghanmarkleandprinceharry#princehenry#meghanmarklestyle#princeharryandmeghanmarkle#princeharryedit#meghanmarkleedit#fouryou ♬ původní zvuk – •sussex family•
На снимката се гледа дека на Хари не му е сеедно, но судејќи според следните снимки, јасно е дека се шегувал.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе
Леонардо ди Каприо наводно добил улога на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува „Вараети“. Улогата на Ава Гарднер ѝ припадна на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.
Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколкупати.
Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите, како „Бандите на Њујорк“, „Авијатичарот“, „Заминат“, „Островот затворач“ и „Волкот од Волстрит“. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 „Оскари“.
Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.
Забава
Роберт де Ниро откри кои се неговите омилени актери на сите времиња
Има малку актери што може да се споредат со Роберт де Ниро.
Добитник е на два „Оскара“ и седум номинации во актерски категории. Де Ниро е титан на холивудското платно, кој постигна некои од неговите најнезаборавни изведби во филмовите на Мартин Скорсезе, Френсис Форд Копола и Квентин Тарантино.
Де Ниро ја имаше својата прва улога во филмот на Скорсезе, Mean Streets, од 1973 година. Тој толку многу го освои славниот режисер што го нарече најголемиот актер на неговата генерација.
Кариерата на Роберт де Ниро беше обележана со улоги во мрачни трилери и гангстерски филмови за кои стана синоним за Ал Пачино, Џо Пеши и Реј Лиота.
Запрашан за неговите најрани филмски влијанија, Де Ниро откри дека црпел инспирација од британската кинематографија. Што се однесува до Америка, тој како најинтересни актери ги издвојува Џејмс Дин, Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Ким Стенли и Грета Гарбо.
Омилени актери на Роберт де Ниро му се: Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Џејмс Дин, Грета Гарбо, Алберт Фини, Ричард Харис, Ким Стенли.