Контакт

Забава

Пиштолот на Алек Болдвин испукал оловен проектил, вели шерифот

Објавено пред

Револверот „колт“ со калибар 45, користен на сетот на филмот „’Рѓа“, не бил темелно проверен пред да му го дадат на актерот Алек Болдвин, кој испукал оловен куршум во фаталната несреќа минатата недела во Ново Мексико, според официјални лица и нов судски поднесок.

dobivaj vesti na viber

Нови детали за инцидентот се појавија во средата за време на прес-конференција на шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, и окружната обвинителка Мери Кармак-Алтвис, како и во новиот поднесок од одделот на шерифот.

Мендоза им рече на новинарите дека на сетот постоел „самозадоволен став во однос на безбедноста“ пред пукањето минатиот четврток во кое беше убиена снимателката Халина Хачинс за време на пробата.

Хана Гутерез, член на персоналот задолжена за оружје, им кажала на истражителите дека го проверила пиштолот и во него немало т.н. „жешки куршуми“, односно жива муниција пред пукањето.

Дејв Холс, асистент на режија, им рекол на истражителите дека требало да го провери оружјето пред дa му го даде на Болдвин, но дека тој не го сторил тоа.

Мендоза и Кармак-Алтвис рекоа дека иако не се поднесени кривични пријави, тие не ја исклучуваат таа можност.

„Сите опции се на маса… Никој не е исклучен во овој момент“, рече обвнителката.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) „Едвај ги чекам коментарите дека ова не е Кејт и е двојник“: дел од коментарите за најновата снимка на принцезата од Велс

Објавено пред

Во последно време низ социјалните мрежи кружат бројни теории, а се однесуваат на здравствената состојба на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која пред три месеци се повлече од јавноста поради закрепнувањето по операцијата.

dobivaj vesti na viber

Јавноста беше прилично загрижена за нејзината состојба и оттаму бројните теории. Сепак, сè пропадна бидејќи Кејт била видена додека пазарелa. Сега се појави видео кое покажува дека Кејт е сосема добро.

Во тренерка, без шминка и со пуштена коса, таа одеше покрај Вилијам носејќи чанта од продавницата. Безгрижно разговарале, а според говорот на телото, изгледале прилично опуштено и безгрижно.

Секако, веднаш под видеото имаше коментари на луѓе кои тврдат дека Кејт на видеото не оди покрај принцот Вилијам.

„Едвај ги чекам коментарите дека ова не е Кејт и е двојник, лош фотошоп и слично.

„Ова не е Кејт“, беше друг коментар.

„Ова е нејзиниот двојник!

„Таа навистина не личи на неа!

„Изгледа како старо видео!

Луѓето очигледно не можат да се смират, ниту да се задоволат, па сигурно ќе има многу вакви коментари додека војвотката официјално не се појави во јавноста, што се очекува во текот на Велигденската недела.

Прикажи повеќе...

Забава

Кралското семејство има доверба од граѓаните и покрај теориите на заговор, покажува анкета

Објавено пред

Повеќе од половина од луѓето во Велика Британија виделе теории на заговор на социјалните мрежи за отсуството на Кејт Мидлтон од јавниот живот, но тоа не ја поткопа довербата на јавноста во кралското семејство, покажуваат анкетите на YouGov.

dobivaj vesti na viber

Истражувањето покажува дека 51 процент од луѓето на Интернет виделе дискусии за теории за нејзиното отсуство, додека 44 отсто велат дека не, а 5 отсто од испитаниците тврдат дека тоа не е сигурно.

На социјалните мрежи, „Katespiracies“ (заговори за Кејт) варираат тврдења дека таа се опоравува. Некои се пошегуваа дека била исфрлена од кралското семејство.
Други теоретичари на заговор, како што тврди „Дејли мејл“, ги користеле социјалните мрежи за да ја наклеветат принцезата, па дури и американската старлета Ким Кардашијан објавила слика со натпис „На пат да ја најдам Кејт“.

Кејт се појави во јавноста откако претходно јавно се извини за преработената фотографија која беше објавена на Денот на мајката, што исто така предизвика бес и разни теории на заговор во медиумите и на интернет.

Според Sky News, кралското семејство сепак ја задржало довербата на жителите на Велика Британија.

Девет отсто од анкетираните велат дека помалку и веруваат на принцезата од Велс бидејќи таа отсуствува од јавниот живот, но исто толку и веруваат повеќе од порано.

Многу повеќе испитаници, 68 отсто, тврдат дека нивното мислење не е променето во последните месеци.

Во текот на викендот, принцот и принцезата од Велс беа видени како купуваат во продавница на помалку од еден километар од нивната резиденција во близина на замокот Виндзор.

 

Прикажи повеќе...

Забава

„Меган Маркл е нарцис кој го контролира принцот Хари“

Објавено пред

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, е нарцис кој контролира и доминира над слабиот принц Хари, според биографот на британското кралско семејство, Сали Бедел Смит.

dobivaj vesti na viber

Во својата нова книга „Џорџ VI и Елизабет: Бракот што ја спаси монархијата“, Бедел Смит ја спореди Меган со Американката Волис Смит, која го натера кралот Едвард VIII да абдицира во 1936 година бидејќи не можеше да се ожени со двапати разведената Смит, пишува „Тајмс“.

Едвард потоа беше наследен од Џорџ Шести, татко на кралицата Елизабета Втора, а кралското семејство никогаш не му прости за неговата абдикација, што, според Бедел Смит, тие го сметаа за предавство.

Авторот ги споредил ситуациите на кралевите Едвард и Џорџ со несогласувањата меѓу принцот Вилијам и принцот Хари и истакнал дека и во двата случаја „се појавила Американка што ја променила динамиката“. Меган наводно се судрила со Вилијам откога се омажила за Хари во 2018 година.

„Во некои аспекти, Меган и војвотката од Виндзор, Волис Смит, имаат слични квалитети: многу нарцисоидни, контролирачки и доминантни. И ако ги прочитате писмата на Дејвид (Едвард) до неговата претходна љубовница, можете да видите колку е слаб и колку му требаше доминантна жена, а Хари е донекаде ист“, тврди Бедел Смит.

„Тајмс“ пишува дека врската меѓу Вилијам и Хари е сериозно затегната откога тие наводно одбиле да се појават заедно на церемонијата на доделување награди во чест на принцезата Дијана минатата недела. Џорџ и Едвард, како Вилијам и Хари, беа блиски извесно време, но односите меѓу нив се заладија по абдикацијата и наводното поврзување на Едвард и Волис со нацистите, вели биографот.

„Поинаку е. Хари никогаш нема да биде крал. Но, мислам дека има слични чувства на предавство, кои водат до тоа Вилијам да му биде особено лут на својот брат и тоа со добра причина“, вели американската авторка.

Прикажи повеќе...

Најново

Скопје7 минути

(Видео) Утрово се уриваше дивоградба во Ѓорче Петров: законот мора да важи подеднакво за сите

Утрово во скопско Ѓорче се уриваше дивоградба. Законот мора да важи за сите, порача градоначалникот на општината Александар Стојкоски кој...

Македонија1 час

За кампањата на Пендаровски се користат државни ресурси-дали и анкети и стратегиите за кампањата се платени со народни пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Стево Пендаровски го погази зборот по којзнае кој пат. Велеше дека нема да се користат државни ресурси во неговата кампања,...

Свет1 час

Вонредна состојба во регион во Русија, поради несреќа во рудник затрупани 13 лица

Во Амурската област, на рускиот далечен исток, воведена е вонредна состојба поради инцидентот во рудникот за злато „Пионир“, во областа...

Свет2 часа

Силен земјотрес го погоди Пакистан

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти германскиот истражувачки центар за...

Свет2 часа

Дваесет загинати во израелски воздушни напади

Дваесет Палестинци се убиени рано утринава во израелските воздушни напади врз Рафах, како и врз централниот дел на Појасот Газа,...

Македонија13 часа

Јакимовски за ставањето на црната листа: Ниту Американци, ниту свети Американци нема да ни кажат кој ќе ни ја води Македонија

Градоначалникот и кандидат за претседател на Македонија, Стевчо Јакимовски на вонредна прес конференција изјави дека е изненаден од одлуката на...

Македонија17 часа

На црната листа на САД, Стевчо Јакимовски и Катица Јанева

Американскиот Стејт Департмент објави дека на црната листа на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот...

Македонија22 часа

ДУИ предупредува: Опозицијата со руско сценарио за политички немири по 8 мај

„Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи обвинувањата, клеветите и навредите што опозицијата ги упатува кон кандидатот за...

Топ22 часа

Марихуана, повеќе видови таблети и мобилен телефон пронајдени при претрес во затворот во Битола

Вчера вечер, во 20.00 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при претрес...

Македонија23 часа

Запленети 22 автомобила при заедничка акција на Царината и МВР

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа и Министерството за внатрешни работи запленети се...

Македонија23 часа

Поштари нема, ама затоа за секој работник има по еден шеф – вработените во „Македонска пошта“ на протест повикаа на реорганизација

Вработените во Македонска пошта денес излегоа на протест од каде што повикаа на целосна реорганизација и систематизација на друштвото кое...

Македонија1 ден

Децата што ги имаат примено трите дози дитепер од денес може да одат во градинка

Децата кои имаат примени три дози вакцина дитепер против пертусис (голема кашлица) од денеска може да одат во градинка со...

Македонија1 ден

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на гласачите во дијаспората

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората. ДИК апелира до...

Свет1 ден

Бајден: Има двајца кандидати за претседател, но едниот е премногу стар и ментално неспособен

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека само еден од двајцата кандидати за претседател на САД на овогодинешните избори е...

Македонија1 ден

„АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има, идната влада треба...

Македонија1 ден

„Непотизмот во Охрид поврзан со Пецаков е потврда дека нема промена во ДПМНЕ“, вели СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, близок соработник на Христијан Мицкоски имаат испреплетена шема на роднини, пријатели и...

Европа1 ден

Путин: Целиот свет се смее на она што се случува во Америка, тоа е катастрофа

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата „изборна победа“ покажува дека Москва е во право што му се спротивстави на...

Европа1 ден

Русија: Американската тајна служба дозволила да биде блокиран влезот во руската амбасада

Амбасадата на Русија во Соединетите Американски Држави денеска ќе испрати дипломатска нота до Вашингтон во која ќе го искаже својот...

Свет1 ден

„Никој во историјата не успеал да ја потисне нашата волја и да не исплаши“ – Путин го одржа првиот говор по изборната победа

„Русија мора да биде уште посилна, поцврста и поефикасна“, порача претседателот Владимир Путин од неговиот изборен штаб во Москва, по...

Македонија2 дена

Вработените во Пошта утре ќе протестираат

Вработените во Пошта утре ќе протестираат од 8 до 10 часот. Ќе бараат исплата на платата за минатиот месец и...