Забава
Пол Верховен ја демантира Шерон Стоун: Таа точно знаеше што правиме
Режисерот на „Ниски страсти“, Пол Верховен, негира дека ја измамил Шерон Стоун за фамозната сцена со прекрстување на нозете.
Верховен и понатаму тврди дека Шерон Стоун апсолутно знаела дека секвенцијата во која се гледа нејзината интима без долна облека ќе се појави во еротскиот трилер од 1992 година.
63-годишната актерка во своите мемоари, што ги објави на 30 март годинава, пишува дека ѝ било кажано дека публиката нема да види ништо и дека била измамена.
Според Шерон, Пол ѝ рекол на снимањето: „Само треба да ги тргнеш гаќичките бидејќи белото ја рефлектира светлината, па затоа знаеме дека имаш гаќички“.
„Да, имаше многу дискусии на оваа тема, но бидејќи јас сум таа со вагината за која станува збор, дозволете ми да кажам: Другите гледишта се куп глупости“, напиша таа.
А Холанѓанецот (82) во средата изјави дека неговата меморија е радикално поинаква од меморијата на Шерон и дека нејзината верзија на приказната е невозможна.
„Таа точно знаеше што правиме“, изјави Верховен за „Варајети “додека го промовира својот нов филм Benedetta.
„Јас ѝ реков на Шерон дека идејата се заснова на приказна за жена што ја знаев кога бев студент и која редовно правеше вкрстување на нозете без гаќи на забави. Кога мојот пријател ќе ѝ кажеше дека можеме да ја видиме нејзината вагина, таа велеше: Се разбира, затоа го правам тоа! Тогаш јас и Шарон решивме да направиме сличен кадар“, рече режисерот во ново интервју за „Варајети“.
„Тоа не стои на патот и нема никаква врска со прекрасниот начин на кој таа ја портретира Кетрин Трамел. Таа е апсолутно феноменална. Ние сè уште имаме добар меѓусебен однос и си разменуваме СМС-пораки“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Алберт од Монако проговори за сопругата: „Многу е вознемирена поради тоа што се пишува“
Принцот Алберт од Монако во ново интервју, по повод неговиот 66-ти роденден, изјави дека неговото семејство и јавноста го поддржале откако поранешен сметководител го обвини за финансиски неправилности. Сепак, тој призна дека неговата сопруга, принцезата Шарлин, е многу вознемирена поради се.
Принцот Алберт зборуваше за Paris Match два месеци откако сметководителот Клод Палмеро откри дека личните трошоци на Шарлин скокнале на повеќе од 1 милион евра годишно.
„Шарлин беше многу вознемирена и тажна поради одредени работи кои излегоа во медиумите. Се поддржувавме еден со друг. Таа се врати на многу нејзини активности, презема повеќе јавни ангажмани, на општо задоволство на сите“, рече тој.
Протечените документи го обвинуваат и кралското семејство дека вработува илегални имигранти. Палмеро (67) беше задолжен за финансиите на кралското семејство повеќе од две децении, но се повлече во јули.
Принцезата Шарлин ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“ затоа што речиси никогаш не се насмевнува во јавност. Нејзиниот брак со Алберт често се зборуваше дека е во криза, но парот продолжува да се појавува заедно во јавноста.
Забава
Италијански модел: Толку сум убава што луѓето мислат дека сум вештачка интелигенција, тоа е фрустрирачки
Италијанската манекенка Инес Трокија има 1,6 милиони следбеници на Инстаграм и ги израдува обожавателите со своите фотографии. 29-годишната инфлуенсерка од Неапол соработувала со многу познати имиња во светот на модата, од Филип Плејн до Долче и Габана, а со своите следбеници често споделува фотографии кои собираат стотици илјади лајкови.
View this post on Instagram
Сепак, убавата Италијанка се соочува со малку бизарни обвинувања. Имено, Инес тврди дека е толку убава што луѓето често ја обвинуваат дека е модел со вештачка интелигенција, пишува New York Post.
View this post on Instagram
„Исклучително е фрустрирачки што луѓето мислат дека сум модел со вештачка интелигенција. Тоа е сосема лудо за мене”, се пожалила Инес, која со години позира пред камерите и го усовршува својот талент.
View this post on Instagram
„Шокантно ми е тоа што некои луѓе се прашуваат дали сум реална. Мислам дека мојот профил не личи на бот-профил. Секогаш можеш да кажеш кога се користел модел со вештачка интелигенција бидејќи тие го имаат истиот тажен израз на секоја фотографија и видео“, објасни таа.
Покрај тоа, таа објасни дека измамниците често и прават фотографии и видеа, а потоа и фотошопираат друго лице на нејзиното тело.
View this post on Instagram
„Некој од бот профил ми украде едно од видеата и таму доби повеќе прегледи отколку на мојот профил. Разговарав со некои мои колеги и пријатели од индустријата и тие го имаат истиот проблем“, објасни Инес, на која не и се допаѓаат модели со вештачка интелигенција.
View this post on Instagram
„Некои од профилите со вештачка интелигенција што ги видов поставуваат невозможни стандарди. Моделите со вештачка интелигенција имаат тенденција да имаат супер бебешки лица со гради и црти на лицето непропорционални со нивните тела“, заклучи таа.
View this post on Instagram
Инаку, моделите со вештачка интелигенција неодамна станаа хит на Инстаграм, а една од нив е виралната сензација Емили Пелегрини, која го привлече вниманието на милионерите и спортистите. Единствениот проблем е што, за разлика од Инес, таа не е вистинска.
Забава
Фотографија од Ристовски и 39 години помладата девојка само во костим за капење, актерот го споредуваат со Џејмс Бонд
Актерот Лазар Ристовски отпатува на Малдивите со својата 39 години помлада девојка, Аница Лазиќ.
Таа на својот инстаграм-профил објави фотографии од споменатиот остров, но сега сподели и една со актерот.
View this post on Instagram
На фотографијата тие двајца излегуваат од кристално чистата вода и се држат за раце уживајќи во љубовта заедно.
„Кога тој води, не прашувам каде“, напиша Аница во описот на објавата.
Под објавата се појавија коментари, а еден особено го привлече вниманието бидејќи актерот го споредуваат со Џејмс Бонд.
„Се викам Ристовски, Лазар Ристовски“, е само еден од коментарите.
Лазар Ристовски не сака многу да зборува во медиумите за врската со помладата девојка.