Забава
Поп-ѕвездата Крис Ву уапсен под сомнение за силување
Кинеско-канадскиот поп-идол Крис Ву е приведен во полиција во Пекинг под сомнение за силување.
Медиумите пренесуваат дека поранешна членка на корејскиот бенд EXO го обвини дека ја намамил да имаат секс додека била пијана. Тинејџерката обелодени дека ѝ се јавиле уште седум девојки, кои ѝ рекле дека Ву ги завел ветувајќи им работа и други можности. Таа нагласи дека некои од нив се помлади од 18 години.
Во полициското соопштение се вели дека Ву бил приведен под сомнение за силување „како одговор на релевантни информации објавени на интернет, вклучително и дека намамил млади жени да имаат секс со него“.
Веста беше најпопуларната тема на кинеските социјални мрежи изминатиов викенд, а некои корисници на „Веибо“ остро го нападнаа Ву велејќи му: „Бегај од Кина!“
„Мора да се придржуваш до кинескиот закон кога си во Кина!“, напиша друг.
Ву е канадски државјанин. Тој стана познат како член на К-поп бендот EXO, потоа почна успешна соло кариера како пејач, актер и модел.
Многу познати брендови ја прекинаа соработката со него по последните обвинувања упатени против него од 19-годишна студентка Ду Меижу, која тврди дека е негова поранешна девојка. Таа откри дека Ву ја силувал на 17-годишна возраст, а исто така тврди дека пејачот е ловец на малолетни девојчиња.
„Луј Витон“ е меѓу брендовите што го прекина договорот со Ву, објави „Вашингтон пост“ во петокот, додавајќи дека 24 наводни жртви го обвинуваат Ву на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.