Забава
Поранешниот дом на Меган се продава за 1,8 милиони долари
Војвотката од Сасекс Меган Маркл (38) живеела во луксузен дом во Лос Анџелес додека била актерка и блогерка, а сега имотот се продава.
Таму, Маркл живееше со својот поранешен сопруг, режисерот Тревор Енгелсон од 2011 до 2013 година. Куќата се продава по цена од 1,8 милиони долари.
Имотот се наоѓа во населбата Ханкок Парк и има 210 квадратни метри. Долниот дел од куќата има камин, како и бели летви и висок таван.
Кујната е опремена со апарати од нерѓосувачки челик и има мермерен пулт. Дневната соба е поврзана со кујната. Доминираат белата боја и дрвените подови. Сите спални соби се на кат и имаат многу прозорци, додека две од четирите спални имаат сопствена бања.
Пред куќата има мал дел за седење и уживање со поглед на градина и гарнитура за седење.
Меган го напушти имотот по разводот од холивудски продуцент, по што следуваше ангажман во серијалот „Suits“, поради кој се пресели во канадски Торонто.
Меган во моментот живее со нејзиниот сопруг принцот Хари (34) и синот Арчи во Фрогмор Котег, а реновирањето на нејзиниот британски дом чинеше двојно повеќе од продажната цена на нејзиниот поранешен американски дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.