Забава
Почина актерот Вили Гарсон од серијата „Сексот и градот“
Американскиот актер Вили Гарсон, најпознат по улогата на Стенфорд Блач во серијата „Сексот и градот“, почина на 58-годишна возраст.
Како добар пријател на Кери Бредшо, Вили Гарсон ги освои срцата на фановите на популарната серија, која за првпат беше емитувана во 1998 година и траеше шест сезони. Гарсон се појави и во двата придружни филмови „Сексот и градот“ и „Сексот и градот 2“, пишува британски Гардијан.
Тој неодамна ја повтори улогата на агент за таленти во продолжението на серијата, под наслов And Just Like That …, која моментално е во продукција.
Не е потврдено како починал, но извори за „ТМЗ“ велат дека се борел со карцином.
Синот на актерот, Нејтен, кого го посвои во 2009 година, му оддаде почест на својот татко во емотивна објава на Инстаграм.
„Те сакам многу тато. Почивај во мир и многу ми е мило што ги сподели со мене сите твои авантури. Горд сум на тебе. Секогаш ќе те сакам, но мислам дека е време да тргнеш во своја авантура. Секогаш ќе бидеш со мене. Ти беше најдуховитата и најпаметна личност што сум ја познавал. Мило ми е што ја сподели твојта љубов со мене. Тоа никогаш нема да го заборавам“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.