Забава
Почина Бранко Лустиг, продуцентот на „Шиндлерова листа“ и „Гладијатор“
Филмскиот продуцент Бранко Лустиг почина утрово на 88-годишна возраст во Загреб, пишува „Национал“.
Лустиг е најпознатиот хрватски продуцент и добитник на два Оскара за филмовите „Шиндлерова листа“ во 1993 година и „Гладијатор“ во 2000 година.
Тој ја започна својата кариера во поранешна Југославија, работејќи на филмовите „Не свртувај се синет“ и „Козара“. Во осумдесеттите години, тој замина во Лос Анџелес каде што го запознава Стивен Спилберг, со кого го направи филмот „Шиндлерова листа“ за кој доби Оскар.
Како влијателен продуцент има работено на бројни филмски хитови како што е „Гладијатор“ за кој освои уште еден Оскар. Но, тој работел и на други блокбастери, од кои некои се „Ханибал“, „Пад на црниот јастреб“, „Добра година“.
Пред околу десетина години се врати во Хрватска каде што беше претседател на Фестивалот на толеранција – еврејскиот филмски фестивал.
Во интервју за „Национал“ на прашањето зошто решил да се врати во Хрватска од Лос Анџелес, тој рече: „Искрено, се вратив да умрам овде. Прекрасен е Холивуд, запознав одлични актери, работев со нив, но сепак ова е мојата земја и многу нешта доживеав овде – убави, но и вознемирувачки. Тука имам многу пријатели, во Америка имам многу познајници, но само Спилберг е мојот пријател”.
Бранко Лустиг е роден во Осиек во 1932 година. Поради своето еврејско потекло, тој бил затвореник на злогласните концентрациони логори Аушвиц и Берген-Белсен за време на Втората светска војна. Повеќето членови на неговото семејство исчезнале во концентрационите логори низ цела Европа, вклучително и неговата баба која била убиена во гасна комора и неговиот татко кој бил убиен во Чаковец. Неговото искуство од логорот е вградено во филмот „Шиндлерова листа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.