Забава
По финалето на Crash Landing On You, други јужнокорејски филмови достапни на „Нетфликс“
Јужнокорејските филмови-драми од денешницата отидоа многу подалеку од некогашните досадни и мелодраматични дела со ликови што буквално можеа да ви исплачат река како онаа на Џастин Тимберлејк. А медиумите коментираат дека сè уште има романса – на сите нивоа од комедија до пукање на срцето – секако.
Има и фантастични и волшебни елементи сосе сè – од Грим Риперс до божества и демони, CGI-секвенции, кои се речиси исто толку реални како „Кралот лав“ (The Lion King), и акциони сцени, кои би можеле да припаѓаат на следното продолжение на „Брзи и бесни“ (Fast and Furious). Сето тоа придонесува за глобалниот успех на корејските филмови или серии-драми.
Неколку десетици филмови се достапни за гледање на „Нетфликс“, а повеќето од нив се на листата на најпопуларни на интернет. Но, бидејќи секој од нас има само 24 часа на ден да спие, јаде, работи или да расте, медиумите рангираа шест за кои тие тврдат дека вреди да се спие помалку.
Goblin (A.K.A. Guardian: The Lonely and Great God)
A Korean Odyssey
Descendants Of The Sun
What’s Wrong With Secretary Kim?
Strong Girl Bong-Soon
Kingdom
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.