Забава
Преписката на британскиот амбасадор со Жаклин Кенеди продадена за 123.000 долари
Преписката на Жаклин Кенеди со британскиот амбасадор во САД, баронот Дејвид Ормсби-Гор, во кој дипломатот ѝ изјавува љубов на поранешната прва дама на САД и ѝ предлага да се омажи за него, му е продадена на приватен колекционер на наддавањето во Лондон за 123.000 евра.
Баронот Дејвид Ормсби-Гор ја предводел британската дипломатска мисија во Вашингтон во периодот од 1961 до 1965 година и бил близок пријател со семејството на 35-от (од 1961 до 1963 година) американски претседател Џон Кенеди. Двајцата се запознале во доцните 1930-те години во Велика Британија, каде што американски амбасадор бил Џозеф Кенеди, таткото на идниот претседател.
Благодарение на откриената на почетокот на годинава кореспонденцијата на Ормсби-Гор и Жаклина Кенеди во периодот од 1965 до 1968 година, историчарите утврдија дека баронот долги години бил потајно вљубен во неа. Губејќи ја во 1967 година првата жена, дипломатот ѝ предлагал на американската прва дама, којашто во 1963 година по атентатот во Денвер остана вдовица, да се омажи за него. Сепак, Жаклин се откажала од ваквата можност и во 1968 годна стана сопруга на богаташот од грчко потекло Аристотел Оназис.
Ова не е првпат на аукција да се продаваат лични предмети од семејството Кенеди, кои се во приватни колекции. По убиството на Џон Фицџералд Кенеди во 1963 година неговата сопруга ги собрала во Белата куќа членовите на неговото семејство и пријателите на претседателот да одберат нешто по што ќе го паметат. Благодарејќи на тоа на аукции претходно беа понудени столицата за лулање на Џон Кенеди, а неодамна беше објавено дека ќе биде понуден неговиот дневник со размислувањата за нацистичкиот водач Адолф Хитлер./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Дарко Лазиќ и Дадо Полумента станаа соседи, купија станови во луксузен комплекс
Фолкерот Дадо Полумента и неговиот помлад колега Дарко Лазиќ ќе бидат соседи во луксузен комплекс во Нови Сад.
Станува збор за новосадската населба Поповица, која се наоѓа на само четири километри од центарот на градот.
Тие вчера го посетија градилиштето за да проверат до каде се работите, а заедничките видеа завршија на нивните Инстаграм профили.
– Тоа е точно. Зедовме имоти во истиот комплекс. Ќе бидеме соседи – потврди Дадо за локалните медиуми.
Овој затворен комплекс се простира на неверојатни 9.000 метри квадратни, кои се резервирани за станбени згради и кафеани, од кои дури 2.000 м2 се наменети за зелени површини. Апартманите се движат од 45 квадрати до 175м2. Комплексот опфаќа подземни гаражи, вратар на влезот во населбата, патеки за пешачење и вежбање, како и 4 базени во населбата и 4 детски игралишта.
Сите жители на населбата ќе уживаат во прекрасните погледи од нивните станови, како и во свежиот воздух од падините на Фрушка Гора.
Забава
Мајкл Даглас: Ги посетив децата на факултет, сите мислеа дека сум нивен дедо
Мајкл Даглас отворено зборуваше за предизвиците на родителството во доцниот живот.
79-годишниот актер ги опиша предизвиците на воспитувањето деца во неговите 70-ти. Познатиот актер се присети на моментот кога бил помешан со дедо на сопствените деца додека ги посетувал на факултет. „Ова не е ден на дедото, ова е ден на родителите. Тогаш реков: „Јас сум родител! Тоа беше гадно“, изјави актерот.
Оскаровецот има две деца, синот Дилан (23) и ќерката Керис (20), со сопругата Кетрин Зета-Џонс, со која е во брак речиси 25 години, како и 45-годишниот син Камерон со поранешната сопруга Диандра Лукер.
Даглас, кој стана татко по втор пат кога имал 56 години, признал дека второто семејство подоцна во животот му овозможило да биде подобар татко.
„Камерон тогаш многу страдаше“, рече Даглас, истакнувајќи дека бил преоптоварен со кариерата додека го одгледувал својот најстар син. Тој објасни дека неговиот семеен живот бил трет на неговата листа на приоритети во тоа време, за разлика од кога основал семејство со Зета-Џонс.
„Веќе работев доволно и барав повеќе за да уживам во децата“, призна Даглас. Иако познатиот актер призна дека се мачел да ги држи Дилан и Керис кога биле помали, тој додал дека тој и неговата сопруга сега уживаат во животот без деца.
„Тоа беше одлично време за мене, но имав многу среќа. Кетрин и јас бевме заедно, ќе наполнат 25 години оваа година. Значи, тоа беше добар период и бев многу среќен, среќен со изборот што го направив и сега навистина се враќам назад и малку повеќе ги мирисам розите, повеќе патувам“, рече Даглас.
Добитникот на Златен глобус им се заблагодари и на своите деца што се извонредни суштества и радоста што ја има во животот. „Тие и на Кетрин и на мене ни донесоа огромна радост“, додаде тој.
Даглас почна да излегува со велшката актерка во 1999 година, откако се запознаа на Американскиот филмски фестивал во Довил, Франција. Двојката се венча една година подоцна во хотелот Плаза во Њујорк. Оттогаш, актерите никогаш не се срамат да ја прослават својата љубов на социјалните мрежи, каде актерката често објавува фотографии оддавајќи почит на нејзината долга врска со Даглас.
Во ноември 2023 година, таа ја одбележа нивната 23-годишнина од бракот со објавување серија фотографии од парот низ годините. „Денес славиме 23 години брак“, напиша таа во описот на Инстаграм.
Забава
Јелена Ѓоковиќ воодушеви со изборот на фустан на наградата „Лауреус“
Тенисерот Новак Ѓоковиќ синоќа заедно со сопругата Јелена присуствуваше на доделувањето на спортските награди „Лауреус“ во Мадрид.
По тој повод Новак Ѓоковиќ по петти пат стана најдобар спортист на светот. Српскиот тенисер претходно ја доби престижната награда во 2012, 2015, 2016 и 2019 година. На Новак наградата му ја врачи Том Брејди, легендата на американскиот фудбал и НФЛ.
Тенисерот на престижното доделување дојде со сопругата Јелена Ѓоковиќ, која воодушеви со изборот на фустан и целокупниот изглед.
Таа носеше црн топ фустан од модната дизајнерка Драгана Огњеновиќ.
Заедно со црниот фустан, Јелена носеше и дискретен накит, а косата ја стави во елегантна пунџа.
Новак носеше костум од италијанскиот бренд „Brunello Cucinelli“. Семејството Ѓоковиќ беше добро расположено и насмеано и им позираа на фотографите.