Забава
Принцезата Евгени се придружи на предизвикот на Меган Маркл
Меган Маркл, војвотката од Сасекс, го прослави својот 40. роденден со објавување на иницијативата 40×40 со помош на актерката комичарка Мелиса Мекарти.
Неколку часа по објавата, принцезата Евгени им се придружи на Адел, Кери Вашингтон, Хилари Клинтон и многу други во роденденскиот предизвик на Меган, објави магзинот „Пипл“.
Војвотката од Сасекс во средата објави ново видео (со помош на комичарката Мелиса Мекарти) на веб-страницата на Фондацијата „Арчивел“ – добротворна организација на принцот Хари и Меган – за да го најави проектот 40х40, „глобален напор што ги охрабрува луѓето од целиот свет да посветат 40 минути од своето време за да ги поддржат жените што се враќаат на работа“, се наведува во соопштението од нејзината канцеларија.
„За мојот роденден, замолив 40 пријатели, активисти, спортисти, уметници и светски лидери да помогнат во стартирање на глобалниот напор со придонес од 40 минути менторство за поддршка на жените при нивното повторно влегување во работна сила“, додаде Меган на веб-страницата на „Арчивел“.
„Се надевам дека секој од нив ќе помогне некому да го унапреди професионалниот живот по сопствени услови и се надевам дека ќе инспирираат безброј други да дадат 40 минути од своето време“.
Принцезата Евгени, роднина на принцот Хари, ја сподели иницијативата на својот инстаграм-стори и напиша: „За да го прославам 40. роденден на драгата Меган, придонесувам со 40 минути менторство за да им помогнам на жените што повторно влегуваат во работна сила“. Внуката на кралицата Елизабета додаде шарен стикер „Среќен роденден“, како и слика од цртан филм на симпатична фигура со роденденска шапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.