Забава
Принцот Хари нема да учествува во добротворниот поло-натпревар, шпекулациите за влошени односи со постариот брат не стивнуваат
Принцот Хари нема да дојде во Британија за традиционалниот настан од хуманитарен карактер, на кој тој и неговиот брат принцот Вилијам се натпреваруваа во последните 15 години собирајќи милиони фунти за причини блиски до нивните срца, пишуваат британските весници.
Овој натпревар беше хајлајт на кралскиот календар веќе 15 години. Но, оваа година војводата од Сасекс ќе отсуствува на King Power Royal Charity Polo Day, и ќе остане во неговата палата во Калифорнија, додека браќата стануваат сè повеќе одвоени, објави „Мирор“.
Многумина се надеваа дека браќата ќе ги надминат разликите. Но, војводата од Сасекс (35) откри дека нема да дојде и дека ќе остане во Калифорнија со сопругата Меган (39) и едногодишниот син Арчи, пренесува британскиот весник.
„Штета што Хари не може да игра поло оваа година, но тој нема да се врати во Велика Британија, освен ако тоа не е апсолутно неопходно“, весникот цитира извор.
Поло-мечот беше близу до срцата на Хари и Вилијам во последните 15 години, а овој турнир, кој треба да се одржи на крајот на септември, досега има собрано милиони фунти за добротворни цели.
Веста за отсуството на Хари дополнително ги подгрева шпекулции за раздор меѓу двајцата браќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.