Забава
Проверувајќи го својот имејл, открила дека добила 4,8 милиони долари на лото
Дваесетгодишна студентка од Универзитетот „Гленелг“ во Австралија освоила дури 4,8 милиони долари на лото.
Медиумите пренесуваат дека студентката го проверувала својот имејл за време на предавањето, а потоа дознала за големата добивка. Така, девојката ќе добива 20.000 долари месечно во наредните 20 години.
„Не размислував за имејлот, само кратко влегов во профилот и тогаш сфатив дека сум победила. Бев шокирана и не можев да реагирам бидејќи бев на предавање. Тешко ми беше да се контролирам затоа што сакав да врескам и да скокам од радост. Гледав во часовникот и чекав да заврши предавањето. Тоа беше највозбудливиот момент во мојот живот“, вели студенткат, која посакала да остане анонимна, пренесува News.co.au.
Од добивката таа сака да ѝ купи куќа и автомобил на својата мајка, но и недвижен имот за себе.
„Не можете да верувате каква е оваа година за мене, ова е голема работа за моето семејство. Ова менува сè за нас“, вели добитничката.
„Ќе ги завршам студиите на универзитетот бидејќи тоа е нешто што навистина сакам да го направам. Кога ќе се укинат рестриктивните мерки, би сакала да патувам. Сакам да патувам низ Австралија, но би сакала да одам и во други земји“, додаде 20-годишната студентка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега, во интервју за „Вог“, Дион меѓу другото проговори и за својата болест и рече дека живее „ден по ден“.
Како уметник кој настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека и било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично, или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Vogue“ признала и колку и било тешко откако ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: „Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ „Животот не ти дава одговори. Тоа е се што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одморот каде покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.
Забава
57-годишната режисерка за бракот со 33-годишниот актер: Не ја разбирам фасцинацијата од разликата во години
Британската режисерка Сем Тејлор-Џонсон (57) вели дека е изненадена што луѓето даваат толку многу коментари за разликата во годините меѓу неа и сопругот Арон Тејлор Џонсон (33), кој треба да биде следниот Џејмс Бонд. Двојката се венча во 2012 година по три години врска, а од самиот почеток се соочуваат со коментари за нивната возраст.
„Мислам дека интересот беше поголем кога почнавме да излегуваме, што беше пред 14 години. На почетокот беше доста интензивно. Таквата „фасцинација“, бидејќи тој е многу помлад од мене, не можевме да ја разбереме, но јас погодив дека таа ќе исчезне малку со текот на времето.
Сè повторно оживува кога правиме интервју и слично. Претпоставувам дека луѓето сакаат да разберат работи што им се непознати, изјави таа за BBC Radio 4.
Сем претходно изјави дека никогаш не зборува за разликата во години со сопругот и дека таа не се ни забележува кога се во прашање заедничките интереси. На прашањето дали ги избегнува социјалните мрежи, каде што ги критикуваат за нивната разлика во години, таа рече: „Не, не. Тоа не значи ништо. Тоа се само луѓе кои се вознемирени од сопствената тага и се сомневаат во нивните животи“.
Нивните деца, вели, не ја гледаат разликата во годините меѓу нивните родители. „Тие само гледаат двајца вљубени, среќни родители. Тие мислат дека луѓето се само малку зли или луди“, вели Сем. Двојката има две ќерки, Вајлда Реј (13) и Роми Херо (11), а Тејлор-Џонсон е очув на Анџелика (26) и Џеси (17), ќерките на Сем Тејлор-Џонсон од нејзиниот прв сопруг, трговецот со уметнички дела Џеј Џоплинг.