Забава
Продуцентот на „Битлси“ потпишал договор со нив бидејќи биле добри момци
Продуцентот на „Битлси“, Џорџ Мартин, потпишал договор со легендарниот рок-бенд во раните денови повеќе поради тоа што му биле симпатични отколку поради нивната музика, откри еднаш, а неговиот син потврди во снимка што ја сподели на „Твитер“ во средата.
Џорџ Мартин, кој почина во март 2016 година, помогна во лансирањето на бендот до глобален успех во 60-тите и често го нарекуваа петтиот „битлс“.
„Беа четворица и прашав: кои се тие? што се тие?“, ѝ вели легендарниот продуцент на својата внука во видеото што го објави син му Гилс Мартин, исто така продуцент.
Џорџ Мартин ги запозна „Битлси“ во Лондон додека членовите на групата од Ливерпул бараа место под сонцето – пред да станат најпознатата четворка во светот.
„Кога слушав што прават, беше добро, но не беше сјајно“, се присетува тој во снимен разговор.
„Но, магијата дојде кога почнав да ги запознавам бидејќи тие беа ужасно добри луѓе“, продолжи тој.
„Беа забавни, беа многу паметни, кажуваа убави работи, тие беа оној вид луѓе со кои сакаш да се дружиш“, детаљно се присетува Џорџ Мартин во едно старо видео.
„Си помислив: ако јас го чувствувам ова кон нив, ќе го почувствуваат и другите луѓе, па тие сигурно ќе бидат прилично популарни“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот за прв пат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови како што се песните Суада, Каја, Подобро пијан отколку стар, Сава тихо тече, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето Нови Примитивци, во кое беа вклучени и Забрането пушење, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во вкупно над 5 милиони примероци, а неколку пати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одморот каде покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.