Забава
Пропадна договорот за старателство, Анџелина и Бред повторно се расправаат за децата
Иако раскинаа во 2016 година, односите помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли се сè уште напнати. Ситуацијата, пишува „Дејли мејл“, неодамна се влоши до тој степен што поранешните сопружници нагло ја прекинаа семејната терапија пред судењето за старателство над нивните шест деца, што е закажано за следниот месец.
„Ју-ес викли“ тврди дека поранешните сопружници повторно жестоко се расправаат за распределбата на времето што секој сака да го помине со Пакс (16), Захар (15), Шајло (14) и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен. На најстариот син, 19-годишниот Медокс, му е дозволено да избере со кого сака да биде во контакт, но тој веќе некое време не сака ниту да го слушне ниту да го види својот татко.
Бред сака заедничко старателство, но Анџелина не сакаше да го прифати тоа. Актерката одбива да разговара за договорот сè додека Лос Анџелес се спомнува како место за живеење на децата. Таа наводно сака да се пресели во Велика Британија со своите деца.
Двојката се венча во 2014 година на имотот „Шато Миравал“ во Прованса. Бред неодамна беше таму со својата нова девојка, германската манекенка Никол Потуралски (27), поради што Анџелина наводно многу се налутила.
Споменатиот имот, вклучително и замокот и лозјето, поранешната двојка го купила во 2011 година за 60 милиони долари.
„Тој знаеше што прави, точно за годишнината од бракот со неговата поранешна сопруга, тој ја однесе својата нова девојка Никол во ’Шато Миравал’… Едноставно, не му беше гајле дали Анџелина ќе збесне, но требаше да се очекува дека ќе го направи тоа“, изјави близок пријател на славниот актер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Меган Маркл бакна друг маж, реакцијата на принцот Хари стана вирална на социјалните мрежи
Пред неколку дена на хуманитарното натпреварување во поло во Велингтон, Флорида, избраниците на принцот Хари забележаа две победи, што значи дека беа шампиони на овој мини турнир.
Меѓутоа, кога дојде моментот да им се честита трофејот, дојде до неочекувана, но симпатична реакција од војводата од Сасекс, кој не можеше да ја задржи својата љубомора.
Имено, Меган Маркл, сопругата на Хари, се качи на сцената за да им честита на победниците. Војвотката го бакна на двата образа соиграчот на Хари и капитен на тимот, Малколм Борвик, а реакцијата на нејзиниот сопруг на потегот стана вирална на социјалните мрежи.
@czedits__fp__ 😭😭 #princeharry#meghanmarkle#sussexroyal#sussex_family#royal#harryandmeghan#dukeharry#duchessmeghan#dukeofsussexs#duchessofsussex#fyp#meghanandharry#dukeandduchess#royalcouple#meghanmarkleandprinceharry#princehenry#meghanmarklestyle#princeharryandmeghanmarkle#princeharryedit#meghanmarkleedit#fouryou ♬ původní zvuk – •sussex family•
На снимката се гледа дека на Хари не му е сеедно, но судејќи според следните снимки, јасно е дека се шегувал.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе
Леонардо ди Каприо наводно добил улога на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува „Вараети“. Улогата на Ава Гарднер ѝ припадна на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.
Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколкупати.
Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите, како „Бандите на Њујорк“, „Авијатичарот“, „Заминат“, „Островот затворач“ и „Волкот од Волстрит“. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 „Оскари“.
Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.
Забава
Роберт де Ниро откри кои се неговите омилени актери на сите времиња
Има малку актери што може да се споредат со Роберт де Ниро.
Добитник е на два „Оскара“ и седум номинации во актерски категории. Де Ниро е титан на холивудското платно, кој постигна некои од неговите најнезаборавни изведби во филмовите на Мартин Скорсезе, Френсис Форд Копола и Квентин Тарантино.
Де Ниро ја имаше својата прва улога во филмот на Скорсезе, Mean Streets, од 1973 година. Тој толку многу го освои славниот режисер што го нарече најголемиот актер на неговата генерација.
Кариерата на Роберт де Ниро беше обележана со улоги во мрачни трилери и гангстерски филмови за кои стана синоним за Ал Пачино, Џо Пеши и Реј Лиота.
Запрашан за неговите најрани филмски влијанија, Де Ниро откри дека црпел инспирација од британската кинематографија. Што се однесува до Америка, тој како најинтересни актери ги издвојува Џејмс Дин, Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Ким Стенли и Грета Гарбо.
Омилени актери на Роберт де Ниро му се: Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Џејмс Дин, Грета Гарбо, Алберт Фини, Ричард Харис, Ким Стенли.