Забава
Путин и Трамп обожаваат да препорачуваат книги за читање
Рускиот претседател, Владимир Путин, сака да чита руски писатели, но, исто така, и делата на Ернест Хемингвеј и Џек Лондон, додека претходно претседателот на САД, Доналд Трамп, кој тешко може да се нарече љубител на книги, им препорача неколку четива на Американците. Омилените книги на Трамп ги напишаа неговите поддржувачи.
Книгите што ги препорачуваат владините службеници често стануваат бестселери, за нив се зборува на вестите и медиумите често цитираат извадоци од овие дела кога пишуваат за политичарите.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, важи за човек кој повеќе сака да гледа телевизија отколку да чита, неодамна им препорача неколку книги на Американците.Тоа не се фикции, туку дела напишани од неговите поддржувачи.
Меѓу нив се книгите „Спајгејт: Обид за саботажа на Доналд Трамп” и „Руска лага” од американскиот публицист Грег Џаред.
Трамп искрено призна во интервју дека „малку чита“.
Рускиот претседател, Владимир Путин, неколкупати ја има истакнато својата љубов кон читањето.
„Јас секогаш сакав и уживав додека ги читав Џек Лондон, Жил Верн, Ернест Хемингвеј. Нивните херои – храбри луѓе кои минуваат низ возбудливи авантури, го обликуваат мојот лик и став кон активен одмор“, изјави еднаш Путин.
Тој ги препорача книгите „Старецот и морето”, како и антивоените романи „За кого бијат камбаните“ и „Збогум оружје”.
Тој е исто така познат по својата љубов кон руските автори и класици. Така во септември на Самитот на ЗНД го читаше романот „Евгениј Онегин”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.