Забава
Раскошна свадба на внука на руски милијардер, и пееле Елтон Џон и Мараја Кери
Елтон Џон и Мараја Кери заработија неколку милиони фунти за само една вечер, тие пееја на венчавката на 19-годишната внука на руски олигарх, што се одржа изминатиов викенд во Лондон.
Ирена Коган, внука на бизнисменот Валериј Коган, го изговори судбоносното „да“ на Даниел Кевеј на екстравагантната и раскошна свадба.
Свадбата беше организирана во еден ексклузивен хотел во Лондон, во кој цената за ноќевање во претседателски апартман изнесува 1.500 фунти. Им пееше Мараја Кери, на која ѝ биле платени 2.5 милиони фунти да дојде од Америка во Лондон за да настапи на оваа свадба.
Гостите ги забавуваше и Елтон Џон, чиј хонорар не бил помал од милион фунти. Тој ја расплака младата невеста кога ѝ ја посвети песната “Tiny Dancer”.
Ангажиран бил и популарниот ди-џеј Марк Ронсон. Меѓу познатите гости беше и актерот Антонио Бандерас кој одржа говор, како и голем број јавни личности од Русија.
Свадбената торта била висока три метра, а вечерата се состоела од девет различни јадења.
Дедото на невестата, Русин со еврејско потекло, има 65 години и е еден од најбогатите луѓе во Русија. Неговото богатство се проценува на околу две милијарди долари. Поседува аеродром во Москва, Домодедово, најголем аеродром во Источна Европа. Во 2013 година вложил 83 милиони фунти за изградба на најлуксузната вила во Русија, која требало да наликува на Белата куќа.
Во 2011 година го привлече вниманието на јавноста кога го сруши рекордот во израелски недвижности и купи стан од илјада квадратни метри за 31 милион долари. Тој поседува вила и во Конектикат вредна 18 милиони долари. /крај/ в.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.