Забава
Реџе-Жан Пејџ e најубав маж на светот, вели науката
Ѕвездата на „Бриџертон“, Реџе-Жан Пејџ, кој во 2021 година преку ноќ стана сензација кога беше објавена првата сезона од популарната серија на „Нетфликс“, е најубав маж на светот, според научното истражување „Златен сооднос“.
34-годишниот Британец го глумеше војводата од Хестингс и за многу кратко време доби милиони следачи на „Инстаграм“, а дел од популарноста секако може да ѝ се припише на сега веќе познатата секс-сцена во петтата епизода со колешката Фиби Диневор.
Тој еднаш призна дека жешките сцени во „Бриџертон“ му донеле и малку непријатност подоцна.
„Во групата ‘Вотс-ап’ го предупредив целото семејство за петтата епизода, но заборавив на една братучетка. Одеднаш почнав да добивам нејзини пораки: многу пати за време на гледањето морав тактички да одам да сварам чај, но кога се враќав, сцената сè уште траеше… Морав повторно да ја зовривам водата“, му откри тој на Џими Фалон што му напишала братучетката во една пригода.
Сцените дури завршија на сајтови за возрасни.
Набргу потоа почна да се споменува како фаворит за улогата на Џејмс Бонд. „Ако сте Британец и ви оди добро, тогаш луѓето почнуваат да го кажуваат зборот Б“, рече тој коментирајќи ги шпекулациите дека може да го замени Даниел Крег.
Денес, на „Инстаграм“ го следат 6,5 милиони луѓе, а во 2023 година гледачите ќе може да го гледаат во најавениот хит Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves.
Според златниот пресек или совршен сооднос, Реџе-Жан Пејџ има најсовршено лице бидејќи постигнал највисока оценка за растојанието меѓу очите. Исто така, само поставувањето на очите му донесе висока оценка на скалата на совршенство. „Тој има класично згодно лице и прекрасни кафеави очи. Неговите совршено обликувани усни исто така постигнаа високи резултати, а единствениот помал резултат е ширината и должината на неговиот нос“, се заклучува.
Севкупно, тој има 93,6 проценти совршен сооднос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.