Забава
Роберт Лејси: Иднината на Меган Маркл и принцот Хари е запечатена, семејството ќе остане поделено
Меган Маркл и принцот Хари направија дефинитивен избор кога на крајот на март се повлекоа од своите должности како членови на британското кралското семејство, изјави Роберт Лејси, експерт за британската монархија, кој тврди дека војводата и војвотката од Сасекс, најверојатно, нема да се вратат во кралското јато со статусите што ги имаа во 2018 и 2019 година.
Во разговор со авторот Ален Елкан, Лејси рече: „Нивната одлука ќе го остави кралското семејство поделено“.
„Не можам да си замислам Хари и Меган некогаш во иднина повторно да бидат дел од кралското семејство“.
Лејси, автор на „Битката на браќата“, направи паралела помеѓу одлуката на Меган и Хари да го напуштат кралското семејство и уставната криза предизвикана од абдикацијата на Едвард VIII.
„Јас правам чести споредби помеѓу сегашната ситуација и кризата со абдикација на Едвард Осми, и двете се во суштина судир помеѓу љубовта и должноста.
„Хари се залага за љубов и Хари замина во егзил“, рече кралскиот експерт.
Едвард Осми го наследи својот татко кралот Џорџ Петти во почетокот на 1936 година, но кога требаше да избере помеѓу брак со Американката Волис Симпсон и водењето на неговата земја, тој одлучи да абдицира во декември истата година, неколку месеци пред неговото крунисување во Вестминстерската опатија.
Едвард Осми и г-ѓа Симпсон се преселија во Франција и се венчаа во 1937 година.
Хари и Меган ги добија титулите принц Хари, војвода од Сасекс, и нејзиното височество војвотката од Сасекс, Меган Маркл во мај 2018 година на денот на нивната венчавка како подарок од кралицата.
Двојката сè уште ги има своите целосни титули, но се откажаа од употребата на неговото/нејзиното височество како дел од договорот склучен на Сандрингем во јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.