Забава
Р. Кели знаеше дека сум малолетна, изјави сведок на обвинетелството
Судењето на американскиот аренби пејач Р. Кели почна во судот во Бруклин, Њујорк.
Кели е обвинет за рекет, сексуална злоупотреба и поткуп; обвиненија што тој постојано ги негира.
Некои од наводите против пејачот – чие полно име е Роберт Силвестер Кели – датираат повеќе од 20 години. Доколку биде прогласен за виновен по сите точки на обвинението, може да биде осуден на неколку децении затвор.
Првиот сведок, Џерхонда Џонсон Пејс, ѝ рече на поротата дека Р. Кели знаел дека е малолетна во 2009 година кога имале сексуален однос во Чикаго, каде што возраста за давање согласност за сексуален акт е 17 години.
Сега 28-годишна, таа сведочеше дека првично му рекла на Кели дека има 19 години, но ја открила нејзината вистинска возраст на денот кога првпат имале однос.
„Се чувствував непријатно. Чувствував дека мора да му ја кажам мојата возраст.“
„Тој ме праша што треба да значи тоа и ми рече да кажам на сите дека имам 19 години – и да глумам 21“, изјави рече Пејс, која признава дека некогаш била фан на пејачот.
Кели се соочува со обвиненија дека бил водач на дведецениската шема во која регрутирал жени и малолетнички за секс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.