Забава
Светлината на мојот живот: Линда Евангелиста му оддава почит на синот
Линда Евангелиста се огласи на „Инстаграм“ во средата за да го прослави Националниот ден на синот нарекувајќи го 14-годишниот син Oгaстин Џејмс „светлина на мојот живот“.
Ова е ретка објава на социјалните мрежи и прва откако модната икона на деведесеттите години обелодени дека е трајно деформирана и брутално нагрдена од ретка нуспојава на козметички третман за ремоделирање на телото.
Поранешниот супермодел (56), која има син со сегашниот сопруг на Селма Хајек, Франсоа Анри Пино, сподели постара фотографија оед него како мало дете на плажа додека стои покрај срце „Оги + мама“ во песокот.
Канадската модна икона минатата недела се појави на насловните страници на светските шоу-биз медиуми со мачна и болна исповед, со која го објасни своето отсуство од јавниот живот.
Некогаш една од најубавите манекенки обелодени дека е брутално деформирана од ретки несакани ефекти од козметичката процедура, на која била подложена пред пет години.
Линда Евангелиста е една од петте икони што владееја со модните писти во 90-тите и беше синоним за терминот супермодел.
Џани Версачи и Карл Лагерфелд тврдеа дека Линда е нивната вечна муза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.