Забава
Светската премиера на новиот филм за Џејмс Бонд одложена до ноември поради коронавирусот
Премиерното прикажување на новиот филм за Џејмс Бонд – „Не е време за умирање“ – е одложено за седум месеци во услови на нарушувања предизвикани од коронавирусот, кој ги затвори киносалите во Кина и им предизвика главоболки на други холивудски продукции.
Најновото продолжение на серијалот за славниот британски агент 007, последен за Даниел Крејг како главен протагонист, дистрибуиран во светски рамки од страна на „Јуниверзал пикчрс“, наместо во април, како што беше планирано, ќе почне да се прикажува во ноември, соопштија продуцентите во средата.
„По внимателно разгледување на фактите и темелна процена на глобалниот пазар за филмови, прикажувањето на „Не е време за умирање“ ќе биде одложено до ноември 2020 година“, стои на официјалниот профил на „Твитер Џејмс Бонд“.
Во објавата не се спомнува коронавирусот, но таа доаѓа по извештаите во медиумите минатата недела за откажување на планираната премиера на филмот во Кина, најголемиот странски пазар на Холивуд.
Киносалите во Кина се затворени уште од јануари, а и други земји, вклучувајќи ги Јапонија, Јужна Кореја и делови на Италија, исто така ги затвораат кината во обид да спречат ширење на вирусот.
Серијалот „Бонд“ е еден од најпрофитабилните во светот имајќи предвид дека „Спектре“ од 2015 година заработи 880 милиони долари, односно 1,2 милијарда американски долари на благајните во светот, а „Скајфол“ од 2012 година заработи повеќе од една милијарда американски долари на глобално ниво.
„Не е време за умирање“ чини речиси 200 милиони американски долари и требаше да почне да се прикажува во кината од 2 април по светската премиера во Лондон на 31 март.
Одлагањето на светската премиера следува по многуте одложувања да се снимаат нови филмови и ТВ-емисии и откажани премиерни прикажувања на американските филмови во Кина како последица на коронавирусот.
Оваа недела фановите на Џејмс Бонд му пишаа на студиото што стои зад филмот барајќи одложување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.