Забава
Сирени за аларм во Швајцарија?
Во среда на 1 февруари, Швајцарија ќе спроведе годишно тестирање на национално ниво на системот сирени за предупредување.
Во Швајцарија има поставено околу 7.200 сирени низ целата земја како јавен систем за предупредување од природни катастрофи или расипување на нуклеарна централа.
Сирените, најпрво биле поставени за време на Втората светска војна, за да се предупредат луѓето од бомбардирање, а останале и по нејзиното завршување, за време на Студената војна меѓу Западот и Истокот, за да предупредат од евентуален нуклеарен напад.
Има два вида предупредувања, Првиот е за општа катастрофа, и тогаш сирените испуштаат континуиран осцилирачки звук во времетраење од една минута Вториот, се користи најмногу за луѓето кои живеат под некоја брана, и служи за предупредување од излевање голема количина вода. Тоа се серија од 12 силни звуци кои испрекинато се повротуваат во трање од 20 секунди со паузи од 10 секунди.
Секоја година, првата среда во февруари се испробува исправноста на овој систем. Пробата е во 13.30 часот и трае половина час. Водениот аларм пак следи во 14.15 часот во областите каде од него има потреба.
Тестирањето се најавува на сите телевизии и радиа, за да не се створи паника кај луѓето, но сепак, може да биде шок за оние кои дента дошле во земјата и не знаат што се случува. Само треба да ги следат Швајцарците кои го игнорираат звукот.
Ако го слушнете овој звук во друг ден, што не е првата среда на февруари, треба да се загрижите. Ако е звукот на општо предупредување, треба да се почекаат инструкциите од надлежните, кои најбрзо ќе бидат соопштени преку медиумите. Ако се работи за вториот воден аларм, бегајте, колку ве држат нозете.
Водениот аларм до сега не се огласил во друг ден, освен на пробата. Општиот аларм пак бил вклучен во 2007 година, кога водата во реката Аре во Берн достигнала опасно ниво.
Сите се сложуваат дека овој систем не доликува многу на 21 век. Затоа владата работи на изработка на смартфон апликација, која на сите косирници на телефони би им испратила аларм на телефонот, во случај на катастрофа или тероризам.
Алертсвис системот веќе е во функција, а пософистицирана верзија се подготвува до крајот на годината и ќе биде во функција во 2018 година./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.