Забава
Снимена последната епизода од серијата „Модерно семејство“
Актерите на популарната комедија „Модерно семејство“ открија дека ја снимиле последната епизода од серијата. Тие објавија фотографии и видеа од снимањето и се збогуваа со ликовите што ги играа 11 години.
„Модерно семејство“ е најнаградуваната серија комедија во Америка. Таа ја раскажува приказната за трите генерации на семејството Причет.
View this post on Instagram
Se nos acabó la fiesta!!!???????? Adios stage5 ! Modern Family❤️ 11 years!!!
„Каков ден. Збогум ‘Модерно семејство’. Никогаш нема да ги заборавам овие луѓе, имавме само убави моменти. Благодарам ‘Модерно семејство’, благодарам Глорија Причет“, напиша Софија Вергара.
Актерот Џеси Тајлер Фергусон, кој го глумеше ликот на Мичел, на својата објава напиша цитат од Џ.М. Бери: „Не вели збогум, бидејќи збогум значи заминување, а заминувањето значи заборавање“. Тој им се заблагодари на сите обожаватели што ги поддржуваа цели 11 години и 250 епизоди.
Ерик Стоунстрит, кој го играше Камерон, сопругот на Мичел, објави фотографија направена покрај вратата низ која влегувал и излегувал на снимањата во текот на изминатите 11 години. „Поминаа како миг“, напиша тој.
Продуцентот и креатор Стив Левитан исто така објави видео од последниот ден од снимањето на серијата. „Ова се прекрасни луѓе благодарение на кои овие 11 сезони беа возможни, сите ги сакам“, напиша тој.
Последната епизода од серијата ќе се емитува на 8 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.