Забава
Современите родители децата ги хранат со киноа, авокадо и сладок компир
Децата јадат егзотични храна од рана возраст, се вели во анкетата спроведена меѓу 1.500 родители.
Едно од седум бебиња сака хумус и едно од дваесет – киноа. Другите бебиња уживаат во кускус, а некои дури и во лимон.
Анкетираните родители откриле дека на нивните бебиња им е најмалку омилен прокељот.
73 отсто од родителите признаа дека се збунети и не се сигурни кои продукти да им ги понудат на бебињата во првите месеци на дополнителна исхрана, а 67 отсто наидоа на сосема различни совети за тоа кога треба да започнат со воведување цврста храна.
„Бебињата на милениумците сакаат необични јадења и возбудливи вкусови. Денес, егзотичните производи се повеќе достапни и првата храна за бебињата полека се менува“, вели Дејвид Лаулор, кој го нарача истражувањето.
Просечната возраст на која испитаниците почнуваат да воведуваат цврста храна за бебињата е шест месеци. Додека 55 отсто од родителите им готват посебни оброци на своите бебиња, 30 отсто од нив им нудат сопствен оброк, а 15 отсто им нудат готови кашички.
Според студијата, децата сакаат јогурт, банани, тестенини, сладок компир, варен зеленчук, јаболка, меко сирење, манго, тиква, домати, путер од кикиритки, авокадо, лосос, хумус, кускус, супа од тиква и леќа.
А најмногу мразат прокељ, лимон, печурки, јајца, брокула, грејпфрут, месо и риба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.