Забава
Стивен Спилберг лансира онлајн-филмски клуб со Американскиот институт за филм
Во услови кога Соединетите Америакнски Држави се борат против пандемијата на Ковид-19 и кога граѓаните мора да останат дома за да го спречат ширењето на новиот коронавирус, легендарниот режисер ги здружи силите со Американскиот филмски институт (АФИ) за да претстави програма на филмови кои ќе може да се гледаат повеќепати за време на изолацијата.
„Волшебникот од Оз“ (оригинален наслов Wizard of Oz) е првиот филм на листата филмови по избор на Спилберг, режисерот на „И.Ти.“, симпатичниот вонземјанин кој ни го обележа детството и нè научи на пријателство и толеранција.
There’s no place like home („Никаде не е како дома“) – култната реплика од филмот „Волшебникот од Оз“, никогаш досега немаше смисла како денес во услови на глобална здравствена криза.
Со цел да ги охрабри Американците да седат дома, Стивен Спилберг, во соработка со АФИ, го најави новиот проект – онлајн-филмски клуб.
Секој ден ќе се прикажува по еден филм за љубителите на филмската класика, кои сега се принудени да останат во своите домови.
Проекциите ќе бидат проследени со анегдоти, дискусии и архивски снимки.
Изборот на денот ќе го претстави славна личност со видеосоопштение и познати реплики, со што ќе го најави „Волшебникот од Оз“ – првиот од низата филмови што ќе следуваат.
Веб-страницата на Американскиот филмски институт ќе понуди разни платформи за стриминг, од кои некои ќе бидат достапни само во Соединетите Американски Држави, а за сите тие ќе биде потребно некој вид плаќање за изнајмување или купување прикажани филмови.
„Целта на АФИ е да живееме во свет на уметност над анксиозност“, рече претседателот и извршен директор на АФИ, Боб Газале. „Чест ни е што го имаме Стивен Спилберг, најголемиот раскажувач на нашето време, да го води патот“.
Во 1995 година Стивен Спилберг ја доби наградата за животно дело на Американскиот филмски институт за неговата извонредна кариера во филмот.
Седум негови филма се вклучени во изборот на Американскиот филмски институт на 100-те најдобри филмови на сите времиња: „Ајкула“, „Блиски средби со третиот вид“, „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“, „И.Ти.“, „Пурпурната боја“, „Шиндлеровата листа“ и „Спасувајќи го војникот Рајан“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.