Забава
Стив Џобс: Во бизнисот преживуваат тие што не се откажуваат, без волја нема успех
Мотото „останете гладни, останете детинест“ е рецепт за успех без разлика на професијата, тврдеше Стив Џобс, коосновач на една од највлијателните компании „Епл“, додека беше жив.
Ова важи за оние бунтовници кои гледаат на работите поинаку – не сакаат правила. Може да не се согласувате со нив, можете да ги величате или мразите, но единственото нешто што не можете да го направите е да ги игнорирате.
„Затоа што тие ги туркаат луѓето напред и иако некои ги сметаат за ексцентрични, јас ги сметам за генијалци бидејќи луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го сменат светот се тие што всушност го прават тоа, велеше вечниот бунтовник Стив Џобс.
Многу успешни бизнисмени се потпираа на неговите пет правила за ефектна презентација, а првото правило е: „Продавај го она што е корисно“.
Неговото второ правило беше и важи и денес: „Сè е во презентацијата и треба да вежбате многу за еден ден да оставите добар впечаток кај вашите клиенти. Чувството за неформалност е клучно.“
Тој секогаш истакнуваше дека неговите најдобри упатства за животот се љубопитноста и интуицијата, но и нескротливата волја. Има нешто во мудриот тактички пристап „како успешно да се продаде содржина“.
Третиот совет е нешто што многумина го забораваат – изгледот на она што го нудите е од суштинско значење. Мора да биде стилски ефектен, но едноставен.
„Сервирајте им страст“ е четвртиот совет. Стив Џобс имаше заразен ентузијазам. Неговото четврто правило за успех е: Вклучи страст, енергија и ентузијазам. Без нив, вашата порака и напор ќе изгледаат неубедливо. Дури и ако производот или проектот на кој работевте е врвен, на луѓето ќе им биде потешко да го разберат ако не им го сервирате со страст.
Снажна порака – На крајот на секоја презентација, Џобс додаваше „и само уште една работа“. Неговите говори беа театар сами по себе и такви харизматики се ретки, но секој може да се обиде да ги подобри своите говорни вештини. За почеток, не заборавајте секогаш да ја завршите презентацијата со силна порака.
„Интуицијата води до одлични резултати – понекогаш животот ве удира со тула во глава. Не губете верба. Убеден сум дека единственото нешто што ме водеше беше дека го сакам тоа што го правам. Мора да го пронајдете она што го сакате. Ова важи и за бизнисот, како и за љубовта. Вашата кариера ќе заземе многу од вашиот живот и единствениот начин да бидете навистина среќни е да го правите она што сметате дека е одлично. Ако сè уште не сте нашле работа што ве исполнува, продолжете да барате.“
„Како и за сите ситуации во кои одлучува срцето, ќе знаете кога ќе ја најдете. И како добра врска, ќе станува подобро и подобро со текот на годините.“ Тоа беше дел од легендарниот говор на визионерот Стив Џобс на Стенфорд во 2005 година.
Во меѓувреме, тој стана еден од најголемите иноватори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.