Забава
„Твитер“ ја истражува хејтерската кампања против Меган и Хари
„Твитер“ ја истражува суровата и координирана кампања на омраза чија цел е да се шират дезинформации за принцот Хари и Меган Маркл, пишува „Космополитан“ и потенцира дека има илјадници непримерни твитови.
Новиот извештај од независната аналитичка компанија „Бот Сентинел“ открива дека од 114,000 твитови за парот, Меган била на мета во 80% од објавите. Понатаму, 70% од ваквите твитови доаѓаат од 83 профили, за кои се чини дека имаат единствена цел да шират дезинформации за војводата и војвотката од Сасекс.
„Нашата анализа ни овозможи да изолираме 55 еднонаменски профили што ги идентификувавме како примарни профили на омраза и 28 секундарни профили на омраза кои главно ги засилуваат примарните“, се наведува во извештајот.
Заедно, профилите имаат вкупно 187,631 следачи, за кои Bot Sentinel проценува дека имаат „комбиниран единствен потенцијален досег од 17 милиони корисници“.
Кристофер Бузи, извршен директор на „Бот Сентинел“, изјави за „Баз-фид њус“ дека кампањата на Твитер против Меган не наликува на ништо што неговиот тим видел претходно.
„Нема мотив“, рече тој. „Кои се овие луѓе кои ја мразат? Дали е тоа расизам? Дали се обидуваат да го повредат кредибилитетот на Хари и Меган? Вашата претпоставка е добра како и нашата.“
„Оваа кампања доаѓа од луѓе кои знаат како да манипулираат со алгоритмите, манипулираат со Твитер, остануваат под жица за да избегнат да бидат откриени и суспендирани. Ова ниво на сложеност доаѓа од луѓе кои знаат како да ги прават овие работи, кои се платени за оваа работа“, додаде тој.
Тој подоцна твитна дека осум профили се суспендирани, а четири се деактивирани.
Сега, „Твитер“ соопшти дека ќе го истражи дигиталниот напад врз двојката, а портпаролот им кажа на новинарите дека „Твитер“ активно ги истражува информациите и профилите наведени во овој извештај. „Ќе преземеме мерки за профилите што ги прекршуваат правилата на Твитер“, рече тој.
Потемната страна на социјалните мрежи е тема за која и војводата и војвотката од Сасекс говореа јавно во минатото, при што Меган рече дека причината што ги избегнува Твитер и Инстаграм е за нејзиното сопствено самоодржување. Двојката се одјави од своите профили уште во март 2020 година, откако решија да ги напуштат своите должности како членови на кралското семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.