Контакт

Забава

Типувач од Велес се офајди со 4.000 евра!

Објавено пред

Со предвидување три гостински победи и голови во мечевите меѓу „Џенова“ и „Парма“, „Реус Депортиу“ и „Гранада“ и „Академика“ и „Есторил“ во неделата, типувач од Велес си обезбеди 247 пати поголема добивка од влогот, т.е. со 1.000 денари заработи над 4.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Најпрвин на мечот меѓу „Реус Депортиу“ и „Гранада“ гостите славеа со 1-2 токму за комбинираниот знак 2-2 & 3+, а во меѓувреме, Есторил како гостин на Академика победи со високи 7-2 за погодок и на вториот пар на тикетот. На крајот, во „Џенова“, и покрај разиграниот Кжиштоф Пјонтек, кој даде гол на почетокот, головите на Ригони, Силјарди и Чераволо од 16-тата до 30-тата минута доведоа до целосен пресврт и предност на Парма од 3-1 на гости кај „Џенова“ и конечен успех за нив и за типувачот на „Спорт лајф“ во Велес.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Хит панталони за пролетва: ги издолжуваат нозете

Објавено пред

Широките панталони се идеални за пролетен изглед бидејќи одлично одат со романтични блузи, топови и широки сакоа. А доколку изберете ваков тип на бели панталони, даваат ефект на долги нозе и вита линија.

dobivaj vesti na viber

Широките панталони може да се носат во разни ситуации, од лежерни излегувања до елегантни настани, а тајната на добриот изглед е во нивното комбинирање со соодветни модни парчиња и додатоци. Но, пред сè, треба да ги пронајдете вистинските, модел што ѝ одговара и на вашата фигура.

Моделот со средно висока половина ја истакнува силуетата, а самиот крој создава ефект на долги нозе. Покрај тоа, овој модел на панталони во бела боја е идеален за комбинирање со клучните пролетни трендови.

Совршено се вклопуваат со сандали на потпетици.

Прикажи повеќе...

Забава

Никол Кидман ги изненади фановите со промена на имиџот

Објавено пред

Оскаровката Никол Кидман се пофали со својата промена на имиџот на својот инстаграм-профил.

dobivaj vesti na viber

56-годишната актерка ја покажа својата нова боб-фризура заменувајќи ги препознатливите долги кадрици.

Обожавателите во коментарите го пофалија нејзиниот нов изглед, а многумина напишаа дека актерката изгледа помладо.

„Безвременски“, „Ја сакам твојата коса“, „Време беше“, „Изгледаш фантастично“, се дел од коментарите.

Сепак, имаше и такви што беа разочарани од новата фризура.

„Каде ти се локните?“, „Извини, но воопшто не личиш на себе“, „Никогаш не би помислил дека ова е Никол“, напишале тие.

Прикажи повеќе...

Забава

Real tribute – симфониски концерт на Тина Тарнер на 1 јуни во Скопје

Објавено пред

Ексклузивниот концерт, кој го има пропатувано речиси целиот свет, конечно, и во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Рок симфонијата Simply the best, посветена на кралицата на рокенролот и музичката икона Тина Тарнер, ќе биде изведена на 1 јуни во арената „Борис Трајковски“ со повеќе од 40 луѓе на сцената.

Тина Тарнер беше славна по своите бурни, енергични сценски изведби и по моќниот вокал, често нарекувана кралица на рокенролот и музичар што остави неизбришлива трага во светот на музиката, забавата и културата. Неисцрпна инспирација е за многумина, а нејзината важност се чувствува и кај генерациите што доаѓаат.

Присутните ќе имаат можност да уживаат слушајќи ги највлијателните и најпознати хитови, како што се Proud Mary, What’s Love got to do with It, Simply the best, We don’t need another hero и многу други. Добро познатите балади ќе ги разнежнат сите присутни, а брзите ритми ќе ги подигнат сите на нозе, вели организаторот.

Рок-симфонијата е посветена токму на неа, а на неа ќе се изведуваат и песни од бендови, како „Ганс анд роузес“, „Дип парпл“, „Еј-си/Ди-си“, како и познати дуети, кои ја одбележаа светската кариера на Тина. На 1 јуни публиката ќе има можност на еден поинаков начин да ја почувствува енергијата на легендарната Тина.

Тина Тарнер беше една од најголемите рок-пејачки на сите времиња и така и ќе остане запаметена.

Сите оние што сакаат да доживеат ноќ исполнета со многу енергија и страст може уште веднаш да ја купат својата влезница.

Влезниците се пуштени во продажба.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет21 минута

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско каде мостот Френсис...

Македонија26 минути

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион45 минути

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет59 минути

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет1 час

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија16 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија17 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија18 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија19 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија20 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија22 часа

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет23 часа

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...

Свет2 дена

Бајден за уривањето на мостот во Балтимор: Бројот на исчезнатите може да се промени, владата ќе ги плати трошоците за поправка

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека судбината на исчезнатите во несреќата може да се промени и дека владата ќе ги...