Забава
Трансвестит го украде „шоуто“ на изборот на претседателот на Германија
Сета раскош на германскиот политички и општествен живот беше на виделина во неделата во парламентот пред кој беше сериозна работа – изборот на шефот на земјата, позиција на оја беше избран досегашниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамер, но неговиот избор во медиумските извештаи беше засенет од трансвеститот пратеник.
Трансвеститот, 48-годишната Оливија Џонс, беше онаа која стана ѕвезда на инаку здодевната постапка во којашто пратениците од сите делови на Германија одлучуваат кој ќе ја преземе претседателската, главно протоколарна должност, пишува агенцијата DPA.
Џонс е една од 1.260-те членови на Сојузната конвенција (Bundesversammlung), тело составено од пратениците и угледни припадници на општествената германска сцена кои го избираат новиот претседател.
Со голема портокалова перика и светло син фустан, Оливија Џонс, или Оливер Кнобел од Хамбург ги засени сите други членови на конвенцијата. Опишувајќи се себеси како „олицетворение на различностите“, Џонс во парламентот изјави „Јас тука внесувам малку живост“.
Откако кусо разговараше со канцеларката Ангела Меркел, сите сакаа да се фотографираат со Џонс, којашто е висока речиси два метра.
Во неодамнешно интервју изјави дека би можела да се замисли себеси и во улога на претседател на државата. „Таа должност совршено би ми одговарала, со мене никогаш не би било здодевно“, изјави за весникот Saarbruecken Zeitung.
Номинирана е во Сојузната конвенција, од партијата Зелени, од сојузната земја Долна Саксонија. Џонс е активна во бројни општествени проблеми, од заштитата на животните до правата на жените. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бракот кој го потресе кралското семејство: бајката се претворила во ужас, насилство и неверства
Кога 23-годишната Ен Кок се омажи за шкотскиот аристократ Колин Тенант во Норфолк на 21 април 1956 година, изгледаше како свадба од бајките, но времето покажа друга страна на приказната.
Лејди Ен, ќерка на Ерл од Лестер, беше богата убавица чие семејство со генерации беше многу блиско со кралското семејство. Нејзината баба била љубовница на Едвард VIII, а нејзиниот татко коњушар на Џорџ VI, додека таа беше деверуша на крунисувањето на покојната кралица Елизабета, а подоцна и дворска дама на принцезата Маргарет.
Ен беше голема пријателка на младите принцези Маргарет и Елизабет, тие го поминаа своето детство заедно, додека Колин беше наследник на баронот Гленконер и на величествениот семеен имот во Шкотска. Тој ја запозна Ен на еден од баловите.
Queen Elizabeth II and her maids of honour at her coronation – according to Lady Glenconner (then the 20-year-old Lady Anne Coke), they were the Spice Girls of their time. Indeed, column inches were devoted to the wardrobes and social lives of the six young women chosen #Royals pic.twitter.com/J4o1wGSuVA
— Britannicus Maximus “Brutus” (@BrutusMaximusX) May 2, 2023
Следуваше бракот, кој, како што е познато во британскиот двор, бил мрачен и насилен, истакнува „Дејли мејл“.
Колин, подоцна лорд Гленконер, бил физички и емоционален насилник кој честопати беснеел поради најмала ситница. Тој, исто така, постојано и бил неверен на Ен, од самиот почеток на нивниот брак, а се шпекулира дека бил наводно бисексуалец.
Според Ен, која сега има 91 година, Колин станал непријатен и насилен уште на првата брачна ноќ. Имено, тој се пожалил на нивниот сексуален живот и за да ја едуцира, ја испратил во париските бордели. И покрај тоа што се во брак 53 години и заедно имаат пет деца, нивниот сексуален живот, според дворјаните, никогаш не се подобрил. Во некои моменти и ставал ЛСД во пијалокот за да не биде поенергична и порасположена.
Најгрдата страна на неговиот лик, според Ен, дошла до израз откако Колин го купил карипскиот остров Мустик во 1958 година. Откако потрошил голем дел од своето богатство градејќи ново село, тој се сметал себеси за крал и така се однесувал со Ен.
Како што раскажува Ен, неговата ароганција пораснала до таа мера што чувствувал право физички да ги напаѓа луѓето. Ен вели дека никогаш нема да ја заборави ноемвриската ноќ во доцните 70-ти кога тие го прославувале роденденот на своите ќерки близначки.
Откако таа вечер била во бар, таа дошла на роденденот и се извинила што доцнела. Колин грубо ја зграпчил, ја ставил во својот автомобил, а потоа ја удрил со стап по главата. Тогаш се исплашила дека ќе ја убие.
Потоа Ен завршила со сериозни повреди – тапанчето и пукнало, оставајќи ја глува на тоа уво до ден-денес.
Ен вели дека тогаш се извинил бидејќи видел што направил, следеле среќни моменти, но потоа дошле на ред љубовниците.
Таа раскажа дека разводот не доаѓал во предвид, бидејќи ја учеле дека бракот е нешто што е вечно.
Колин бил ужасно љубоморен. Иако со него поминувала колку што можела повеќе време, Лејди Ен главно живеела во Англија со децата, додека тој повеќе сакал да живее на Карибите.
Забава
Дарко Лазиќ и Дадо Полумента станаа соседи, купија станови во луксузен комплекс
Фолкерот Дадо Полумента и неговиот помлад колега Дарко Лазиќ ќе бидат соседи во луксузен комплекс во Нови Сад.
Станува збор за новосадската населба Поповица, која се наоѓа на само четири километри од центарот на градот.
Тие вчера го посетија градилиштето за да проверат до каде се работите, а заедничките видеа завршија на нивните Инстаграм профили.
– Тоа е точно. Зедовме имоти во истиот комплекс. Ќе бидеме соседи – потврди Дадо за локалните медиуми.
Овој затворен комплекс се простира на неверојатни 9.000 метри квадратни, кои се резервирани за станбени згради и кафеани, од кои дури 2.000 м2 се наменети за зелени површини. Апартманите се движат од 45 квадрати до 175м2. Комплексот опфаќа подземни гаражи, вратар на влезот во населбата, патеки за пешачење и вежбање, како и 4 базени во населбата и 4 детски игралишта.
Сите жители на населбата ќе уживаат во прекрасните погледи од нивните станови, како и во свежиот воздух од падините на Фрушка Гора.
Забава
Мајкл Даглас: Ги посетив децата на факултет, сите мислеа дека сум нивен дедо
Мајкл Даглас отворено зборуваше за предизвиците на родителството во доцниот живот.
79-годишниот актер ги опиша предизвиците на воспитувањето деца во неговите 70-ти. Познатиот актер се присети на моментот кога бил помешан со дедо на сопствените деца додека ги посетувал на факултет. „Ова не е ден на дедото, ова е ден на родителите. Тогаш реков: „Јас сум родител! Тоа беше гадно“, изјави актерот.
Оскаровецот има две деца, синот Дилан (23) и ќерката Керис (20), со сопругата Кетрин Зета-Џонс, со која е во брак речиси 25 години, како и 45-годишниот син Камерон со поранешната сопруга Диандра Лукер.
Даглас, кој стана татко по втор пат кога имал 56 години, признал дека второто семејство подоцна во животот му овозможило да биде подобар татко.
„Камерон тогаш многу страдаше“, рече Даглас, истакнувајќи дека бил преоптоварен со кариерата додека го одгледувал својот најстар син. Тој објасни дека неговиот семеен живот бил трет на неговата листа на приоритети во тоа време, за разлика од кога основал семејство со Зета-Џонс.
„Веќе работев доволно и барав повеќе за да уживам во децата“, призна Даглас. Иако познатиот актер призна дека се мачел да ги држи Дилан и Керис кога биле помали, тој додал дека тој и неговата сопруга сега уживаат во животот без деца.
„Тоа беше одлично време за мене, но имав многу среќа. Кетрин и јас бевме заедно, ќе наполнат 25 години оваа година. Значи, тоа беше добар период и бев многу среќен, среќен со изборот што го направив и сега навистина се враќам назад и малку повеќе ги мирисам розите, повеќе патувам“, рече Даглас.
Добитникот на Златен глобус им се заблагодари и на своите деца што се извонредни суштества и радоста што ја има во животот. „Тие и на Кетрин и на мене ни донесоа огромна радост“, додаде тој.
Даглас почна да излегува со велшката актерка во 1999 година, откако се запознаа на Американскиот филмски фестивал во Довил, Франција. Двојката се венча една година подоцна во хотелот Плаза во Њујорк. Оттогаш, актерите никогаш не се срамат да ја прослават својата љубов на социјалните мрежи, каде актерката често објавува фотографии оддавајќи почит на нејзината долга врска со Даглас.
Во ноември 2023 година, таа ја одбележа нивната 23-годишнина од бракот со објавување серија фотографии од парот низ годините. „Денес славиме 23 години брак“, напиша таа во описот на Инстаграм.