Контакт

Забава

Турнејата на Мишел Обама кога ја промовира својата автобиографија стана документарец

Објавено пред

Промовирањето на Мишел Обама на својата автобиографија со наслов „Becoming: Мојата приказна“ – најпродаваната книга за 2018 година – се претвори во документарен филм за „Нетфликс“.

dobivaj vesti na viber

„Becoming, поглед зад сцената на турнејата во 34 града на поранешната прва дама, ќе почне да се прикажува на 6 мај“, се вели во соопштението на „Нетфликс“, објавено во понеделникот.

Документарецот е дел од договорот од 2018 година помеѓу „Нетфликс“ и продуцентската компанија Higher Ground, формирана од поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга за изработка на содржини за стриминг-платформи.

Турнејата во 2019 и 2020 година вклучуваше јавни настани на големи концертни стадиони во САД и Европа, каде што Мишел Обама разговараше со публиката, како и изјави на Сара Џесика Паркер, Гејл Кинг и Стивен Колберт.

„Тие месеци што ги поминав патувајќи – средби и поврзување со луѓето во градовите од целиот свет – ја донесоа дома идејата дека она што го споделуваме заеднички е длабоко и реално и дека никој не може да си поигра со тоа“, рече Обама.

Авобиографската книга, во која Обама пишува за мајчинството, политиката и пронаоѓањето на нејзиниот глас, е продадена во повеќе од 10 милиони примероци.

„Becoming: Мојата приказна“ урива рекорди во светски рамки и е на пат да станe најуспешна книга во поновата издавачка историја, оценуваат светските медиуми и додаваат дека книгата, која беше промовирана во ноември 2018 година, бргу стана бестселер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Кралицата Камила откри како се чувствува Кејт Мидлтон после се

Објавено пред

Кралицата Камила проговори за принцезата од Велс за прв пат по нејзината дијагноза рак. 76-годишната жена го посетила Шрусбери каде запознала две млади сестри кои донеле цртежи украсени со срца и цвеќиња за Кејт.

dobivaj vesti na viber

10-годишната Хариет и шестгодишната Лоис Вотерстон ја прашале кралицата дали ќе и ги даде на принцезата, на што таа одговорила да. „Знам дека Кетрин е преплавена од сите со добри желби и поддршка“, им рекла таа, според People.

Едно од девојчињата се извини бидејќи мислеше дека нејзиниот цртеж е малку неуреден. „Жал ми е што е стуткано“, но Камила застана до неа и ѝ рече дека внимателно ќе ги носи и ќе се погрижи Кејт да знае од кого доаѓаат цртежите.

Прикажи повеќе...

Забава

Хајди Клум: Лута сум на Софија Вергара поради Гризелда

Објавено пред

Хајди Клум изјави за Entertainment Tonight дека е лута на колешката, судијката на America’s Got Talent, Софија Вергара, затоа што актерката не успеала да и даде улога во нејзината нова серија на Нетфликс, Гризелда.

dobivaj vesti na viber

„Бев вознемирена, па ја прашав: „Зошто не можев да бидам една од твоите роднини? Можев да бидам братучетка што не зборува, бидејќи очигледно не зборувам шпански“, рече 50-годишниот легендарен, германски модел.

Да потсетиме, биографската криминалистичка драма Гризелда за кумата на кокаинот, озлогласената нарко шефица Гризелда Бланко ги маѓепса гледачите ширум светот.

Прикажи повеќе...

Забава

Алберт од Монако проговори за сопругата: „Многу е вознемирена поради тоа што се пишува“

Објавено пред

Принцот Алберт од Монако во ново интервју, по повод неговиот 66-ти роденден, изјави дека неговото семејство и јавноста го поддржале откако поранешен сметководител го обвини за финансиски неправилности. Сепак, тој призна дека неговата сопруга, принцезата Шарлин, е многу вознемирена поради се.

dobivaj vesti na viber

Принцот Алберт зборуваше за Paris Match два месеци откако сметководителот Клод Палмеро откри дека личните трошоци на Шарлин скокнале на повеќе од 1 милион евра годишно.

„Шарлин беше многу вознемирена и тажна поради одредени работи кои излегоа во медиумите. Се поддржувавме еден со друг. Таа се врати на многу нејзини активности, презема повеќе јавни ангажмани, на општо задоволство на сите“, рече тој.

Протечените документи го обвинуваат и кралското семејство дека вработува илегални имигранти. Палмеро (67) беше задолжен за финансиите на кралското семејство повеќе од две децении, но се повлече во јули.

Принцезата Шарлин ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“ затоа што речиси никогаш не се насмевнува во јавност. Нејзиниот брак со Алберт често се зборуваше дека е во криза, но парот продолжува да се појавува заедно во јавноста.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија12 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија14 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија15 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија16 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија18 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ19 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија19 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија19 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија22 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет22 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет22 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија22 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион23 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет23 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет23 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија2 дена

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија2 дена

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија2 дена

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија2 дена

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...