Забава
Хуманитарна забава за едукација на најмладите и за помош на бездомните животни
Под мотото „Донирај/волонтирај/едуцирај“ денес од 19 часот ќе се одржи хуманитарно-едукативна забава наменета за помош и донации на бездомните животни. Повеќе невладини организации повикуваат сите заинтересирани да дојдат со нивните миленици во Orange Kids Club & Caffè, да бидат дел од „Среќна среда“.
„Оваа хуманитарно-едукативна забава е наменета за помош и донации на бездомните миленици кои се најзагрозени, но и за едукација на најмладите и поттикнување на јавната свест за одговорно сопствеништво на домашните миленици. Во рамките на настанот ќе се одржи базар на ракотворби во организација на здруженијата за заштита на животните каде што со ваша скромна донација, ќе можете да си одберете некоја креативна изработка. За најмладите подготвивме едукативна работилница во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство – ‘Биди неговиот херој’ на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ за подигнување на јавната свест за одговорното сопствеништво, презентација на книгата за деца ‘Хотел за кучиња’ во соработка со Литература.мк, детско кино, креативно катче, фотоконкурс ‘Моето милениче’, еду-работилница ‘Светот на рептилите’ со Војо Иванов, музички точки, караоке и многу подароци и изненадувања“, велат организаторите.
Освен собирање донации и вдомување, целта на настанот е да се едуцираат најмладите како да се биде одговорен сопственик на домашно милениче, кои се правата и обврските на сопствениците на домашни миленици, како треба да се грижат за здравјето на животните, но, и за бездомните животни, водејќи сметка и за сопственото здравје.
Настанот „Среќна среда“ го организираат повеќе невладини организации, меѓу кои и „Анима мунди“, „Кане корзо“, Daisy Family Rescue, „Шепасти ентузијасти“ и Biker paws.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.