Забава
Хју Грант раскажа за скандалот со проститутката по повеќе од две децении
26 години по секс-скандалот кој беше ударна вест во светските шоубиз-медиуми, британскиот актер раскажа зошто ја изневери тогашната партнерка Лиз Харли со проститутка.
Хју Грант вели дека сексуалниот чин во јуни 1995 година се случил затоа што не бил во добро расположение во врска со неговиот талент за глума.
Грант беше уапсен заедно со Дивајн (вистинско име Естела Томсон) пред повеќе од две децении поради вулгарно однесување во неговиот автомобил паркиран на булеварот Сансет во Лос Анџелес.
Хју сега се отвори за редоследот на настаните што доведоа до неславниот инцидент признавајќи дека неговата одлука била мотивирана од тоа што бил згрозен од својата глума во филмот „Девет месеци“ (Nine Months),
кој требало да се појави набргу.
По присуството на проекцијата на комедијата, се разочарал од она што го видел на екранот, па британскиот актер решил да ја удави својата тага, и тоа на крајот довело до врска со Дивајн.
Говорејќи на WTF во поткастот на Марк Марон, тој рече: „Требаше да го гледам мојот прв холивудски филм – моментот беше беспрекорен“.
„Но, имав проблем – тоа беше мојот прв холивудски филм и отидов да го гледам на проекција. Филмот требаше да излезе за недела или две“.
„Сите во него беа брилијантни, но јас не бев, и тоа ми создаде лошо расположение. „Имав ручек со Кен Расел… и една работа доведе до друга… бев разочаран од себе“.
Како и да е, загриженоста на Хју за својата изведба во филмот – во кој глумат и Џулијан Мур, Робин Вилијамс и Џеф Голдблум – се покажа како неоснована бидејќи беше успех на киноблагајните со заработка од 138,5 милиони долари во светски рамки.
Во време на инцидентот Хју беше во врска со Елизабет Харли, која остана со него и во искушението и таблоидната бура од вести. Тие на крајот се разделија пет години подоцна, иако останаа блиски пријатели до ден-денес.
Пред 26 години шокантниот скандал беше ударна вест во светските шоубиз-медиуми: Актерот ѝ платил на проститутка за орален секс во автомобил. По апсењето, тој плати глоба од 1.180 долари и беше принуден да учествува во програма за едукација против СИДА. Дивајн, која му овозможи орално задоволство на актерот, беше осудена на 180 дена затвор. Таа наводно заработила 1 милион фунти од оваа „реклама“, според некои медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.