Забава
Член на семејството Гучи го критикува кастингот на „Куќата Гучи“
Внуката на Алдо Гучи го критикува изборот на актери за крими-драмата „Куќата Гучи“, односно, како што рече, ужасниот кастинг на филмот на Ридли Скот бидејќи актерите воопшто не личат на нејзините роднини.
Патриција Гучи, втора братучетка на покојниот Маврицио, тврди дека е навредена од начинот на кој нејзиното семејство е претставено во филмот и остро го критикува „дебелиот и грд“ приказ на нејзиниот дедо Алдо од страна на актерот Ал Пачино.
Медиумите пренесоа нејзина поранешна изјава откако наследниците на модната династија навестија дека ќе преземат правно дејство поради искривување на вистината за нивните предци.
Патриција во едно интервју за „Асошиетед прес“ изјави дека е вџашена од тоа како е претставен Алдо, кого во филмот го глуми Ал Пачино.
„Мојот дедо беше многу убав човек, како и сите Гучи, и многу висок, со сини очи и многу елегантен. Него го глуми Ал Пачино, кој не е многу висок, а на сите фотографии е дебел, низок, со зулуфи, навистина грд. Срамота бидејќи тој воопшто не личи на него“.
Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Лејди Гага и Адам Драјвер, е заснован на вистинита сторија – убиството на Маврицио и судењето на неговата поранешна сопруга – опишано во книгата „Гучи: Сензационална приказна за убиство, лудило, гламур и алчност“. Патриција Реџани, ликот што го толкува Лејди Гага, е во центарот на експлозивната приказна. Таа издржа 16 години затвор поради организирање на убиството.
Но, братучетката на Маврицио е загрижена дека филмот оди подалеку од вистинската крими-приказна која ги полнеше насловните страници и дека влегува во нивниот приватен живот.
„Навистина сме разочарани. Зборувам во име на семејството“, рече таа.
„Го крадат идентитетот на едно семејство за да заработат, за да го зголемат приходот на холивудскиот систем… Нашето семејство има идентитет, приватност. Можеме да зборуваме за сѐ. Но, постои граница што не може да се помине“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.