Забава
Џенифер Анистон со апел до фановите: Носете проклета маска!
Прашањето дали треба или не треба да се носи заштитна маска за лице среде пандемија на коронавирус предизвикува вознемиреност низ целиот свет, а sвездата на „Пријатели“ се труди да ги натера луѓето да бидат претпазливи.
Актерката Џенифер Анистон во вторникот апелираше до своите следачи на социјалните мрежи да ја направат вистинската работа и да ги почитуваат препораките.
Таа објави селфи и ги повика фановите да ги покриваат устата и носот среде коронавирус. „Ова навистина не треба да биде дебата“, напиша таа.
„Разбирам дека маските се незгодни и непријатни“, вели Анистон. „Но, зарем не мислите дека е полошо што сите бизниси се затвораат … работните места се губат … здравствените работници се на работ на апсолутна исцрпеност.“
„Овој вирус одзеде многу животи затоа што не правиме доволно.“
„Ако се грижите за човечкиот живот, ве молам само #wearadamnmask и охрабрете ги оние околу вас да го сторат истото.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Меган Маркл е нарцис кој го контролира принцот Хари“
Меган Маркл, војвотката од Сасекс, е нарцис кој контролира и доминира над слабиот принц Хари, според биографот на британското кралско семејство, Сали Бедел Смит.
Во својата нова книга „Џорџ VI и Елизабет: Бракот што ја спаси монархијата“, Бедел Смит ја спореди Меган со Американката Волис Смит, која го натера кралот Едвард VIII да абдицира во 1936 година бидејќи не можеше да се ожени со двапати разведената Смит, пишува „Тајмс“.
Едвард потоа беше наследен од Џорџ Шести, татко на кралицата Елизабета Втора, а кралското семејство никогаш не му прости за неговата абдикација, што, според Бедел Смит, тие го сметаа за предавство.
Авторот ги споредил ситуациите на кралевите Едвард и Џорџ со несогласувањата меѓу принцот Вилијам и принцот Хари и истакнал дека и во двата случаја „се појавила Американка што ја променила динамиката“. Меган наводно се судрила со Вилијам откога се омажила за Хари во 2018 година.
„Во некои аспекти, Меган и војвотката од Виндзор, Волис Смит, имаат слични квалитети: многу нарцисоидни, контролирачки и доминантни. И ако ги прочитате писмата на Дејвид (Едвард) до неговата претходна љубовница, можете да видите колку е слаб и колку му требаше доминантна жена, а Хари е донекаде ист“, тврди Бедел Смит.
„Тајмс“ пишува дека врската меѓу Вилијам и Хари е сериозно затегната откога тие наводно одбиле да се појават заедно на церемонијата на доделување награди во чест на принцезата Дијана минатата недела. Џорџ и Едвард, како Вилијам и Хари, беа блиски извесно време, но односите меѓу нив се заладија по абдикацијата и наводното поврзување на Едвард и Волис со нацистите, вели биографот.
„Поинаку е. Хари никогаш нема да биде крал. Но, мислам дека има слични чувства на предавство, кои водат до тоа Вилијам да му биде особено лут на својот брат и тоа со добра причина“, вели американската авторка.
Забава
Кејт првпат видена во јавност со Вилијам, велат извори за кралската двојка
Јавноста, која е загрижена за здравјето на Кејт Мидлтон, може делумно да здивне бидејќи, како што објави „Дејли мејл“, принцезата од Велс изгледала среќно, здраво и опуштено за време на патот до локалната земјоделска продавница.
„По сите шпекулации што кружеа наоколу, бев изненаден кога ги видов таму. Кејт беше во шопинг со Вилијам и изгледаше среќно и добро”, рекол извор, кој ја препознал кралската двојка првпат во јавноста по операцијата на абдоменот на принцезата.
„Децата не беа со нив, но ова е добар знак бидејќи принцезата беше доволно здрава за да дојде во продавницата“, рекол изворот. Иако кралскиот пар не беше фотографиран, за многумина оваа вест е охрабрувачки знак дека принцезата ги прави првите чекори за враќање на кралските ангажмани.
Повторно се шпекулира со тоа кога Кејт Мидлтон ќе им се врати на своите обврски – некои веруваат дека тоа ќе биде на самиот Велигден, други дека ќе биде по Велигден, а трети веруваат дека принцезата ќе им се врати на кралските обврски и пред Велигден. Сепак, извор од палатата не ги потврди шпекулациите.
Отсуството на Кејт Мидлтон ги разбранува социјалните мрежи и многу од нив ги разбудија теоретичарите на заговор, па некои тврдеа дека, всушност, била во кома, а други мислеле дека кралското семејство ја отуѓило.
„Она што се случува е токму она што рекоа дека ќе се случи – таа ќе биде во болница две недели и ќе се врати по Велигден“, изјави извор близок до кралската двојка.
Забава
Го менуваат расположението како што дува ветерот: промените кај овие хороскопски знаци доаѓаат од никаде
Тие се како бура! Во еден момент тие се смеат, а во следниот момент тргајте им се од нивниот пат. Ова се најпроменливите хороскопски знаци
Никој не е постојано расположен – нашата емоционална состојба се менува во зависност од околностите. Но, за некои луѓе, драстичните промени во расположението доаѓаат со промена на ветерот – од никаде и ненајавено. Во еден момент тие се смеат и се смеат, а во следниот плачат или викаат без никакво објаснување за нивното однесување. Ако живеете со еден од нив, многу добро знаете како тоа влијае на околината.
Ако сакате да знаете што се крие зад овие емоционални промени и ненадејни промени во расположението, нивниот хороскоп може да ви помогне да разберете. Прочитајте за да дознаете кои хороскопски знаци го менуваат најчесто расположението.
Близнаци
Близнаците се живи и социјални, но не сакаат да останат мирни. Ако немаат што да прават или им е здодевно, нивното расположение брзо се менува. Понекогаш се непредвидливи, но лесно можете да им го промените расположението доколку успеете да ја разбудите нивната љубопитност. Интересен разговор или нова идеја може брзо да го промени нивното расположение од облачно во сончево.
Лав
Можеби изгледа чудно што овој знак е на списокот, но Лавовите имаат промени во расположението! Кога нивната гордост е повредена или се чувствуваат омаловажено, нивното расположение може драматично да се промени за неколку секунди. Сепак, нивните промени во расположението не траат долго. Кога ќе се вратат во центарот на вниманието, ќе се вратат на своето светло, позитивно јас.
Вага
Како луѓе кои сакаат рамнотежа и хармонија, Вагите имаат релативно добра контрола над своето расположение. Но, кога ќе излезат од својата комфорна зона, тешко ќе го сокријат своето незадоволство. Кога се е добро, тогаш се насмевнуваат и се многу позитивни, доколку почувствуваат дека им е згрешено веднаш го менуваат расположението. Овој ненадеен пресврт може да биде тешко да се следи.
Девица
Девиците се ориентирани кон деталите. Овие особини често доведуваат до периоди на стрес и лошо расположение кога работите не одат според планот – што произлегува од нивната опсесија со совршенство. Откако ќе одлучат дека нешто не е во ред, понекогаш го покажуваат тоа, оставајќи ги другите да се прашуваат како нивната ментална состојба толку брзо се променила.
Шкорпија
Како воден знак кој доживува посилни емоции од повеќето, Шкорпиите имаат многу промени во расположението. Овој знак длабоко чувствува сè, од радост до предавство, а нивното расположение ги рефлектира нивните основни емоции. Тие секогаш кријат нешто под нивната тешка надворешност, што ги тера другите да се борат да откријат што точно се случува.
Рак
Раковите се секогаш во хиперемотивна состојба бидејќи со нив владее Месечината. Секогаш кога се менува оваа фаза, нивното расположение се менува. Тие работат напорно за да се заштитат од болка, но ќе се бунат кога ќе почувствуваат дека им е погрешно. Сепак, нерасположението кај Ракот не секогаш доаѓа од негативноста. Тоа е одраз на длабоката емпатија и поврзаност што ја чувствуваат со светот околу нив – но колку и да е добронамерно, понекогаш може да биде иритирачко.