Забава
Џим Кери предизвика бес со карикатура на абортус
Џим Кери уште еднаш предизвика бес со провокативна карикатура – на неа е прикажана гувернерката на Алабама, Кеј Ајви, како абортиран фетус.
Кери реагира на фактот дека Ајви го потпиша контроверзниот закон (за кој гласаа 25 бели мажи) кој во таа земја ги забранува сите абортуси, освен во итни медицински случаи.
I think If you’re going to terminate a pregnancy, it should be done sometime before the fetus becomes Governor of Alabama. pic.twitter.com/6QgsY2rMz7
— Jim Carrey (@JimCarrey) May 18, 2019
Керина својот профил на „Твитер“ објави карикатура на која Ајви е прикажана како фетус кој сè уште е врзан со папочна врвца. „Мислам дека ако сакате да ја прекинете бременоста, тоа треба да го направите пред фетусот да стане гувернер на Алабама“, напиша тој.
You were one of my favorite actors. Honestly I’m disgusted by your lack of respect for the image is what happens to babies. They are sucked out of the mother. Shame on you Jim.
— Kaya Jones (@KayaJones) May 20, 2019
Реакциите на корисниците на социјалните мрежи беа разни. Додека некои истакнаа дека се согласуваат со него, многумина мислат дека тој страда од лошо ментално здравје. „Дали си добро?“, прашува еден корисник на „Твитер“. „Не, веќе некое време“, додава друг.
That is not the first time he did or said something disgusting… He has gone too far to the left.
— Sotiri Dimpinoudis ❁ (@sotiridi) May 20, 2019
Инаку, Кери неодамна се најде на удар на внуката на Мусолини, која го нападна поради карикатурата на нејзиниот обесен дедо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Северина го прослави роденденот, а проговори со емотивна порака: „Се соочив со тешки факти“
Пејачката Северина Вучковиќ го прослави својот 52. роденден.
Северина Вучковиќ го прослави својот роденден во кругот на најблиските пријатели, а овој ден ѝ го збогатија и честитките од многубројни пријатели, колеги, соработници и членови на семејството.
По тој повод, Северина се огласи на својот инстаграм-профил, каде што објави серија фотографии со емотивна порака до сите што ја следат.
„Сакам да славам родендени, било мој или туѓ. Прославувањето на мојот роденден за мене е славење на животот што ми беше даден како подарок. Подарок што, кога ќе го добиете, има три опции. Можете да уживате во него и да го приспособите по ваш вкус и да ги исполните целиот свој потенцијал, божји дар и мисија. Или подарете го некому да ви го организира, но по неговите правила. Или водата нека го носи. Не ми се допаднаа другите две опциим иако не е дека немало обиди.
Го избрав првото, си го приспоспобив по мој стил и уживам секој ден, без разлика на околностите и предизвиците што ме спречуваат, ме влечат за ракави, ги истегнувам нозете, ги вежбам моите способности и ги тестирам нервите. Ти даваат тестови што треба да ги решиш, а животот секоја година ти дава последна оценка. Тоа е она што ве издвојува.
Од мене зависи дали ќе престанам или ќе продолжам да го живеам животот во потполност, без оглед на разните околности и тешките предизвици. Дали ќе ја тргнам раката што ми го влече ракавот и ќе чекорам напред во убавината на живеењето.
Престанав да чекам животот да биде лесен, престанав да чекам некој да ме спаси. Се соочив со тешки факти и поради тоа имам неверојатен живот за што сум благодарна и кој од ден на ден ме учи дека сите лекции што ми ги дал, без разлика дали се лоши или добри, не се ништо друго, освен одлично училиште, од кое можам да израснам како личност и со тоа што ќе растам мирно и љубопитно прифаќам понатамошни лекции што тој ги носи.
Со нетрпение ги очекувам, како и на овој ден кога се родив и кој постојано ме потсетува на тоа колку е скапоцен животот. Среќна сум што работам работа што ги прави другите среќни бидејќи токму за тоа сум создадена – да се насмевнувам од тага, да им помагам на другите и да им го направам животот што е можно поубав. Им благодарам на моето семејство и на моите пријатели за нивната безрезервна поддршка и во време на славење и во време на тага. Тоа е опасна војска. Можеби премногу зборувам, но ова се тие денови. Ви благодарам на сите за многуте честитки. Ве сакам“, заклучи Северина.
Забава
Се снима серија за Емануел и Брижит Макрон, би требало да ги глумат големи ѕвезди
Ѕвездите на Холивуд, Рајан Гослинг и Џулија Робертс, треба да ги играат Емануел Макрон и неговата сопруга во ТВ-драматизација на нивната врска, која почнала кога таа била негова професорка во средно училиште.
Најстарата француска филмска компанија Gaumont објави дека работи на драма од шест дела за врската меѓу претседателот и неговата сопруга Брижит. Главните улоги сè уште не се доделени, но за време на дискусијата за продукцијата на ТВ-мрежата BFM, Розелин Башело, поранешната француска министерка за култура, предложи актери што би сакала да ги види во главните улоги.
„Веднаш помислив на Рајан Гослинг бидејќи открив дека постои физичка сличност меѓу Емануел Макрон и него. А помислив и на Џулија Робертс“, рече таа.
Gaumont не го објави датумот кога ќе се прикажува серијата, но рече дека се работи на драма што ќе ја следи врската меѓу Емануел и Брижит. Ќе биде напишана од француските сценаристи Бенедикт Шарл и Оливие Пупоно, а секоја епизода ќе трае 45 минути.
„Брижит Макрон е фасцинантен лик, сакавме да ѝ пријдеме на романтичен, речиси мелодраматичен начин, поради романтичниот дух на нејзината судбина“, пишува „Фигаро“.
Приказната ќе почне во 1992 година кога 15-годишниот Макрон ја запознал својата идна сопруга, која тогаш имала 39 години, на една театарска работилница и гледачите ги носи сè до денес. Макрон имаше 29, а Брижит 54 кога се венчаа во 2007 година. Десет години подоцна тој стана претседател.
Забава
Некогаш беше голем холивудски заводник, а денес ретко кој би го препознал
Еден од некогашните големи холивудски заводници, Шон Пен, по долго време, е виден деновиве во Малибу, а фотографиите ја изненадија јавноста.
Годините видно го стигнаа 63-годишниот актер, сега неговата коса е целосно побелена и на почетокот тешко се препознава. Носеше бела кошула и црни панталони, а американските фотоагенции пишуваат дека само што се враќал од прошетка во близина на својата куќа.
Актерската кариера ја почна во 1982 година во комедијата „Златна доба во Риџмонт“ по што неговата кариера тргна по нагорна патека. Заедно со богатата актерска кариера Пен имаше и бурен љубовен живот. Тој беше во брак со Мадона четири години, од која се разведе во 1989 година.
Потоа, во 1996 година, почна романса со Робин Рајт. Двојката се разведе во 2010 година, а имаат две деца – ќерката Дилан и синот Хопер.
Една година беше во брак со актерката Лејла Џорџ, од која се разведе во 2021 година, а минатото лето беше виден со актерката Олга Коротјаева. Таа романса не траела, а холивудскиот заводник набргу бил виден со активистката Натали Кели, која е 24 години помлада од него.