Забава
Џони Деп вели дека Холивуд го бојкотира
Џони Деп се осврнува на она што тој го нарекува „холивудски бојкот“ во своето прво интервју по губењето на тужбата за клевета и последователните напори да ја обжали одлуката на судот во врска со британскиот таблоид „Сан“, кој го окаракеризира како тепач на жена.
Со уште една правна битка закажана за следниот април – Деп ја тужи поранешната сопруга Амбер Херд за клевета и бара оштета од 50 милиони долари за нејзината изјава за „Вашингтон пост“ во 2018 година за наводно семејно наилство – тој е спречен да зборува за случајот или за неговиот однос со Амбер.
Но, 58-годишниот актер во зум-интервју за „Сандеј тајмс“, се осврна на „надреалните пет години“ што ги имаше откако беше обвинет за насилство, вклучително и испаѓањето од холивудската заедница.
Откако ја загуби тужбата за клевета минатата есен, Деп објави дека од него е побарано да поднесе оставка од франшизата „Фантастични sверки. Данскиот актер Мадс Микелсен треба да го замени како Гринделвалд. Како што забележува Тајмс, новиот филм на Деп, „Минамата“, нема да излезе во САД.
Деп – кој во филмот го глуми фотографот В. Јуџин Смит, кој го документираше труењето со жива на јапонски селани во раните 1970–ти, вели дека неговите маки се помали во споредба со оние жртви на труење или луѓето кои страдаа од ковид.
Но, се чини дека негодува што неговата поврзаност со филмот, кој тој исто така и го продуцира, резултира во тоа што филмот не го доби вниманието што смета дека го заслужува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хајди Клум: Лута сум на Софија Вергара поради Гризелда
Хајди Клум изјави за Entertainment Tonight дека е лута на колешката, судијката на America’s Got Talent, Софија Вергара, затоа што актерката не успеала да и даде улога во нејзината нова серија на Нетфликс, Гризелда.
„Бев вознемирена, па ја прашав: „Зошто не можев да бидам една од твоите роднини? Можев да бидам братучетка што не зборува, бидејќи очигледно не зборувам шпански“, рече 50-годишниот легендарен, германски модел.
Да потсетиме, биографската криминалистичка драма Гризелда за кумата на кокаинот, озлогласената нарко шефица Гризелда Бланко ги маѓепса гледачите ширум светот.
Забава
Алберт од Монако проговори за сопругата: „Многу е вознемирена поради тоа што се пишува“
Принцот Алберт од Монако во ново интервју, по повод неговиот 66-ти роденден, изјави дека неговото семејство и јавноста го поддржале откако поранешен сметководител го обвини за финансиски неправилности. Сепак, тој призна дека неговата сопруга, принцезата Шарлин, е многу вознемирена поради се.
Принцот Алберт зборуваше за Paris Match два месеци откако сметководителот Клод Палмеро откри дека личните трошоци на Шарлин скокнале на повеќе од 1 милион евра годишно.
„Шарлин беше многу вознемирена и тажна поради одредени работи кои излегоа во медиумите. Се поддржувавме еден со друг. Таа се врати на многу нејзини активности, презема повеќе јавни ангажмани, на општо задоволство на сите“, рече тој.
Протечените документи го обвинуваат и кралското семејство дека вработува илегални имигранти. Палмеро (67) беше задолжен за финансиите на кралското семејство повеќе од две децении, но се повлече во јули.
Принцезата Шарлин ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“ затоа што речиси никогаш не се насмевнува во јавност. Нејзиниот брак со Алберт често се зборуваше дека е во криза, но парот продолжува да се појавува заедно во јавноста.
Забава
Италијански модел: Толку сум убава што луѓето мислат дека сум вештачка интелигенција, тоа е фрустрирачки
Италијанската манекенка Инес Трокија има 1,6 милиони следбеници на Инстаграм и ги израдува обожавателите со своите фотографии. 29-годишната инфлуенсерка од Неапол соработувала со многу познати имиња во светот на модата, од Филип Плејн до Долче и Габана, а со своите следбеници често споделува фотографии кои собираат стотици илјади лајкови.
View this post on Instagram
Сепак, убавата Италијанка се соочува со малку бизарни обвинувања. Имено, Инес тврди дека е толку убава што луѓето често ја обвинуваат дека е модел со вештачка интелигенција, пишува New York Post.
View this post on Instagram
„Исклучително е фрустрирачки што луѓето мислат дека сум модел со вештачка интелигенција. Тоа е сосема лудо за мене”, се пожалила Инес, која со години позира пред камерите и го усовршува својот талент.
View this post on Instagram
„Шокантно ми е тоа што некои луѓе се прашуваат дали сум реална. Мислам дека мојот профил не личи на бот-профил. Секогаш можеш да кажеш кога се користел модел со вештачка интелигенција бидејќи тие го имаат истиот тажен израз на секоја фотографија и видео“, објасни таа.
Покрај тоа, таа објасни дека измамниците често и прават фотографии и видеа, а потоа и фотошопираат друго лице на нејзиното тело.
View this post on Instagram
„Некој од бот профил ми украде едно од видеата и таму доби повеќе прегледи отколку на мојот профил. Разговарав со некои мои колеги и пријатели од индустријата и тие го имаат истиот проблем“, објасни Инес, на која не и се допаѓаат модели со вештачка интелигенција.
View this post on Instagram
„Некои од профилите со вештачка интелигенција што ги видов поставуваат невозможни стандарди. Моделите со вештачка интелигенција имаат тенденција да имаат супер бебешки лица со гради и црти на лицето непропорционални со нивните тела“, заклучи таа.
View this post on Instagram
Инаку, моделите со вештачка интелигенција неодамна станаа хит на Инстаграм, а една од нив е виралната сензација Емили Пелегрини, која го привлече вниманието на милионерите и спортистите. Единствениот проблем е што, за разлика од Инес, таа не е вистинска.