Забава
Џони Деп доби пресуда против Амбер Херд, судот бара пристап до документите за донации
Познатиот холивудски актер Џони Деп (58) ја доби посакуваната пресуда во бракоразводната парница против својата поранешна сопруга Амбер Херд (35).
Главниот судија на оваа парница делумно го одобри барањето на адвокатот на Деп и ќе ја принуди американската Унија за граѓански слободи да објави документи кои потврдуваат дали Херд го исполнила својот дел од спогодбата за развод.
Имено, Амбер и Џони се венчаа во 2015 година, а таа поднесе барање за развод само една година подоцна наведувајќи ги непомирливите разлики како причина, а потоа го обвини актерот за насилство.
Судската сага траеше со месеци. Деп и неговите адвокати ги негираа сите наводи на Херд и тврдеа дека таа сака да профитира со финансиски надомест.
Поранешниот пар успеа да постигне спогодба од 7 милиони долари за кои Амбер тврдеше дека ќе ги донира на Унијата за граѓански слободи и детската болница во Лос Анџелес.
Актерот сега се обидува да добие информации дали неговата поранешна сопруга го одржала ветувањето и дали донирала пари.
Неговиот адвокат Ендрју Калдекот тврди дека донацијата е „пресметана и манипулативна лага“ и дека од самиот почеток тоа било план со кој ќе го уништи поранешниот сопруг.
Покрај тоа, адвокатот на Деп тврди дека детската болница во Лос Анџелес во 2019 година ги известила дека Амбер не извршила никакви плаќања.
Главниот судија на оваа парница во вторникот пресуди во корист на Деп. Тој ќе ѝ наложи на Унијата за граѓански слободи да објави документи кои потврдуваат дали Херд го исполнила својот дел од спогодбата.
Ако се покаже дека не се придружувала кон спогодбата, актерот и неговиот тим ќе имаат силен доказ против Амбер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.