Забава
Џо Роган вети промени во поткастот што се емитува на „Спотифај“
Џо Роган вети дека ќе се обиде да понуди побалансирани ставови во својот поткаст по критиките од рок-легендите Нил Јанг и Џони Мичел дека помага во ширењето дезинформации во врска со Ковид-19.
Како резултат на ова канадските музичари побараа нивната музика да се повлече од стриминг-платформата „Спотифај“ во знак на протест против поткастот на Роган.
Некои медиуми објавија дека „Спотифај“ наводно загубил 2,1 милијарди долари во период од три дена минатата недела откако рок-легендата Нил Јанг ги тргна своите песни.
„Неодговорните луѓе шират лаги, кои чинат животи. Се солидаризирам со Нил Јанг и глобалните научни и медицински заедници за ова прашање“, напиша Џони Мичел најавувајќи дека нејзината музика повеќе нема да се стримува на „Спотифај“.
Во меѓувреме, гигантот за аудиостриминг соопшти дека работи на додавање советодавни предупредувања на секој поткаст кој се однесува на Ковид-19.
Водителот Роган ѝ се извини на компанијата и вети дека ќе се потруди неговиот поткаст да биде подобар.
Во речиси 10-минутното видео на „Инстаграм“ објавено во понеделникот, Роган вели дека ќе се труди да привлече луѓе со разни мислења во својата емисија, која во просек има 11 милиони слушатели од епизода.
Повечето од контроверзиите се однесуваат на две неодамнешни епизоди, во кои беа претставени кардиологот Питер Мекалоу и имунологот/виролог Роберт Мелоун. И двајцата експерти изразија гледишта што се спротивни на главните информации што ги дава Центарот за контрола и превенција на болестите (CDC).
Роган негира дека шири дезинформации. „Никогаш не се обидувам да постигнам нешто со овој поткаст, освен да разговарам со луѓе. Апсолутно го поддржам планот на ‘Спотифај“ на почетокот на контроверзните епизоди да стои известување, односно изјава за одрекување одговорност за искажаните ставови“.
„Моето ветување до вас е дека ќе дадам сѐ од себе да ги балансирам овие контроверзни гледишта со мислења на други луѓе за да можеме да најдеме подобра точка на гледиште“, рече тој додавајќи дека не му се лути на Нил Јанг, ниту на Џони Мичел. „Напротив, јас сум голем љубител на нивната музика“.
Во неделата, извршниот директор на аудиостриминг-платформата „Спотифај“, Даниел Ек, вети дека нови предупредувања ќе ги пренасочуваат корисниците до центар за податоци и факти за коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
Во Кина побарувачката за мобилни телефони на Apple значително се намали, продажбата на Huawei скокна за 70%
Испораките на мобилни телефони на Apple во Кина паднаа за 19 отсто во првиот квартал, што ја одразува заканата за доминантната позиција на американскиот гигант во повисокиот сегмент по враќањето на Huawei на пазарот, покажуваат податоците на пазарот. Уделот на Apple на најголемиот пазар на паметни телефони во светот падна на 15,7 отсто во првиот квартал, од 19,7 отсто на почетокот на 2023 година. Ова го доведе американскиот гигант речиси на исто ниво со Huawei, чија продажба скокна за 70 отсто, според истражувачката компанија Counterpoint.
Vivo ја презеде круната на Apple како најголем продавач на паметни телефони во Кина. Американската компанија падна на третото место, зад Honor, бренд на подостапни уреди. На четврто место е Huawei, чиј пазарен удел скокна од минатогодишните девет на 15,5 отсто.
„Враќањето на Huawei на пазарот директно влијаеше на Apple во премиум сегментот. Треба да се додаде дека побарувачката за нови мобилни телефони на Apple за замена на постарите модели беше малку пригушена во споредба со претходните години“, рече аналитичарот на Counterpoint, Иван Лам во соопштението за печатот.
Во меѓувреме, Apple започна промотивни кампањи, обидувајќи се да ги привлече потрошувачите со попусти, вклучувајќи субвенционирање на одредени модели на iPhone до 1.300 јуани (168,29 евра).
Минатата недела Huawei ја претстави на јавноста новата серија смартфони Pura 70. Во август минатата година, по долга пауза, ја лансираа серијата Mate 60, која некои аналитичари ја протолкуваа како триумф над американските санкции, врз основа на софистицирано домашно производство на чип.
Канадската истражувачка компанија TechInsights очекува Кинезите да купат повеќе од 50 милиони мобилни телефони оваа година, вклучително и 10 милиони од Huawei Pura 70. Тоа ќе го стави Huawei на прво место, со пазарен удел од 19 отсто, што е повеќе од 12 отсто минатата година.
Во првиот квартал, кинескиот пазар на паметни телефони порасна за 1,5 отсто, продолжувајќи го позитивниот тренд од крајот на 2023 година, според Counterpoint.
Забава
Прво огласување по долга пауза: Кејт Мидлтон објави фотографија на посебен ден
Кејт Мидлтон на „Инстаграм“ објави фотографија од својот најмал син, принцот Луис, по повод неговиот шести роденден.
„Среќен шести роденден, принцу Луис. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува под фотографијата.
View this post on Instagram
Ова е прво јавно огласување на војвотката од Велс по долго време. Фотографијата на младиот принц ја направила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.
Според „Скај њуз“, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека не е монтирана.
Медиумите пишуваат дека Вилијам и Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време ја штитат нивната приватност.
Забава
Бракот што го потресе кралското семејство: бајката се претвори во ужас, насилство и неверства
Кога 23-годишната Ен Кок се омажи за шкотскиот аристократ Колин Тенант во Норфолк на 21 април 1956 година, изгледаше како свадба од бајките, но времето покажа друга страна на приказната.
Леди Ен, ќерка на ерл од Лестер, беше богата убавица, чие семејство со генерации беше многу блиско со кралското семејство. Баба ѝ му била љубовница на Едвард VIII, татко ѝ коњушар на Џорџ VI, таа беше деверуша на крунисувањето на покојната кралица Елизабета, а подоцна и дворска дама на принцезата Маргарет.
Ен беше голема пријателка на младите принцези Маргарет и Елизабет, тие го поминаа своето детство заедно, а Колин беше наследник на баронот Гленконер и на величествениот семеен имот во Шкотска. Тој ја запозна Ен на еден од баловите.
Queen Elizabeth II and her maids of honour at her coronation – according to Lady Glenconner (then the 20-year-old Lady Anne Coke), they were the Spice Girls of their time. Indeed, column inches were devoted to the wardrobes and social lives of the six young women chosen #Royals pic.twitter.com/J4o1wGSuVA
— Britannicus Maximus “Brutus” (@BrutusMaximusX) May 2, 2023
Следуваше бракот, кој, како што е познато во британскиот двор, бил мрачен и насилен, истакнува „Дејли мејл“.
Колин, подоцна лорд Гленконер, бил физички и емоционален насилник, кој честопати беснеел поради најмала ситница. Тој исто така постојано ѝ бил неверен на Ен од самиот почеток на нивниот брак, а се шпекулира дека наводно бил и бисексуалец.
Според Ен, која сега има 91 година, Колин станал непријатен и насилен уште на првата брачна ноќ. Имено, тој се пожалил на нивниот сексуален живот и за да ја едуцира, ја испратил во париските бордели. И покрај тоа што се во брак 53 години и заедно имаат пет деца, нивниот сексуален живот, според дворјаните, никогаш не се подобрил. Во некои моменти ѝ ставал ЛСД во пијалакот за да не биде поенергична и порасположена.
Најгрдата страна на неговиот лик, според Ен, дошла до израз кога Колин го купил карипскиот остров Мустик во 1958 година. Откако потрошил голем дел од своето богатство градејќи ново село, тој се сметал себеси за крал и така се однесувал со Ен.
Како што раскажува Ен, неговата ароганција пораснала до таа мера што чувствувал веднаш физички да ги напаѓа луѓето. Ен вели дека никогаш нема да ја заборави ноемвриската ноќ во доцните 70-ти кога тие го прославувале роденденот на своите ќерки близначки.
Таа вечер Ен била во бар, дошла на роденденот и се извинила што доцнела. Колин грубо ја зграпчил, ја ставил во својот автомобил, а потоа ја удрил со стап по главата. Тогаш се исплашила дека ќе ја убие.
Потоа Ен завршила со сериозни повреди – тапанчето ѝ пукнало оставајќи ја глува на тоа уво до ден-денес.
Ен вели дека тогаш се извинил бидејќи видел што направил, следеле среќни моменти, но потоа дошле на ред љубовниците.
Таа раскажа дека разводот не доаѓал предвид бидејќи ја учеле дека бракот е нешто што е вечно.
Колин бил ужасно љубоморен. Иако со него поминувала колку што можела повеќе време, леди Ен главно живеела во Англија со децата, а тој повеќе сакал да живее на Карибите.