Забава
Џуди Денч не сака да ја нарекуваат национално богатство
Легендарната филмска икона Џуди Денч не е љубител на терминот национално богатство иако многумина ја сметаат за богатство, таа претпочита да биде бунтовник, открива нејзиниот колега Еди Изард.
Говорејќи во виртуелната емисија Q&A (прашањa и одговори), Еди рече: „Терминот национално богатство го ставаат пред нејзиниот праг и таа не го сака тоа. Таа сака да биде бунтовник. Таа е во контакт со 16-годишната девојка во неа. Таа е борец. Не ја користи титулата дама, сака чоколадо и чаша шампањ и ќе продолжи да го живее животот“.
Во меѓувреме, Џуди претходно призна дека не го сака терминот национално богатство бидејќи звучи како нешто со многу прашина и дека чувствува притисок на одреден начин поради тој збор. „Не сакам да бидам реликвија“, рече таа во една пригода.
Големата британска и светска ѕвезда ја носи титулата дама доделена од британската кралица и која е еквивалент на машката титула сер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Меган Маркл бакна друг маж, реакцијата на принцот Хари стана вирална на социјалните мрежи
Пред неколку дена на хуманитарното натпреварување во поло во Велингтон, Флорида, избраниците на принцот Хари забележаа две победи, што значи дека беа шампиони на овој мини турнир.
Меѓутоа, кога дојде моментот да им се честита трофејот, дојде до неочекувана, но симпатична реакција од војводата од Сасекс, кој не можеше да ја задржи својата љубомора.
Имено, Меган Маркл, сопругата на Хари, се качи на сцената за да им честита на победниците. Војвотката го бакна на двата образа соиграчот на Хари и капитен на тимот, Малколм Борвик, а реакцијата на нејзиниот сопруг на потегот стана вирална на социјалните мрежи.
@czedits__fp__ 😭😭 #princeharry#meghanmarkle#sussexroyal#sussex_family#royal#harryandmeghan#dukeharry#duchessmeghan#dukeofsussexs#duchessofsussex#fyp#meghanandharry#dukeandduchess#royalcouple#meghanmarkleandprinceharry#princehenry#meghanmarklestyle#princeharryandmeghanmarkle#princeharryedit#meghanmarkleedit#fouryou ♬ původní zvuk – •sussex family•
На снимката се гледа дека на Хари не му е сеедно, но судејќи според следните снимки, јасно е дека се шегувал.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе
Леонардо ди Каприо наводно добил улога на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува „Вараети“. Улогата на Ава Гарднер ѝ припадна на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.
Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколкупати.
Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите, како „Бандите на Њујорк“, „Авијатичарот“, „Заминат“, „Островот затворач“ и „Волкот од Волстрит“. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 „Оскари“.
Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.
Забава
Роберт де Ниро откри кои се неговите омилени актери на сите времиња
Има малку актери што може да се споредат со Роберт де Ниро.
Добитник е на два „Оскара“ и седум номинации во актерски категории. Де Ниро е титан на холивудското платно, кој постигна некои од неговите најнезаборавни изведби во филмовите на Мартин Скорсезе, Френсис Форд Копола и Квентин Тарантино.
Де Ниро ја имаше својата прва улога во филмот на Скорсезе, Mean Streets, од 1973 година. Тој толку многу го освои славниот режисер што го нарече најголемиот актер на неговата генерација.
Кариерата на Роберт де Ниро беше обележана со улоги во мрачни трилери и гангстерски филмови за кои стана синоним за Ал Пачино, Џо Пеши и Реј Лиота.
Запрашан за неговите најрани филмски влијанија, Де Ниро откри дека црпел инспирација од британската кинематографија. Што се однесува до Америка, тој како најинтересни актери ги издвојува Џејмс Дин, Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Ким Стенли и Грета Гарбо.
Омилени актери на Роберт де Ниро му се: Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Џејмс Дин, Грета Гарбо, Алберт Фини, Ричард Харис, Ким Стенли.