Контакт

Забава

Најмалото родено машко бебе од 275 грама преживеа и излезе од болница

Објавено пред

Со тежина од 275 грама и должина од 27 сантиметри, во јуни минатата година во германскиот град Готинген родено е најмалото машко бебе на светот.

Со тежина од 275 грама и должина од 27 сантиметри, во јуни минатата година во германскиот град Готинген родено е најмалото машко бебе на светот.

Поради компликации во бременоста, лекарите одлучиле дека неговата мајка треба да се породи со царски рез во 25-та недела.

Половина година лекарите се бореле за животот на бебето, а во декември минатата година бебето ја достигнало тежината од 3.700 грама, па лекарите одлучиле дека е добро и може да ја напушти болницата.

Според лекарите во болницата во Готинген, ова е досега најмалото машко бебе, а пред него се родени три девојчиња со помала тежина.

Најлесното родено женско бебе тежело само 244 грама.крај/индекс/см



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Oд Марадона на „Инстаграм“ се прости и неговата последна девојка: Збогум, мој Диего

Објавено пред

И покрај тоа што нивната врска заврши скандалозно, 30-годишната русокоса Росио Олива се прости од Диего Марадона на „Инстаграм“. Роцио објави две стории на кои се прикажани фотографии од среќните денови со славниот фудбалер, а под едната пишува: Збогум, мој Диего.

Росио Олива беше гостин во една аргентинска телевизија и плачеше зборувајќи за Марадона. Таа рече дека неговите деца и поранешната сопруга не ѝ дозволуваат да се збогува со него на бдението.

„Ме боли што не ме пуштаат, го повредуваат и Диего. Јас сум неговата последна партнерка, имам исто право да се збогувам со него како и другите. Не знам зошто ми го прават тоа, не провоцирам никого“, изјави Росио, која не ги криеше солзите.

„Многу се сакавме. Тој беше многу љубезен кон мене, секогаш ќе го паметам по добро. Беше прекрасен кон моето семејство, имаше џиновско срце“, рече, меѓу другото, Росио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rocio! (@rocio_g_oliva)

Марадона и поранешата фудбалерка биле во врска неколку години, а се запознале во 2012 година. Тие се свршија во 2014 година, но свадбата никогаш не се одржа.

За прекинот на нивната врска пишуваа светските медиуми во 2018 година бидејќи Росио го избркала свршеникот од куќата што ѝ ја купил. Нивната разделба беше проследена со многу расправии. Роцио не сакала да замине од Аргентина во Мексико, каде што Марадона во тоа време му бил тренер на мексиканскиот второлигаш „Дорадоас де Синалоа“.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Анистон и нејзиното милениче Клајд имаат нов пријател

Објавено пред

Џенифер Анистон сподели фотографија на „Инстаграм“ во вторникот, каде што едвај се гледа нејзиното лице, а во заднина се гледа маж што лежи покрај нејзиното домашно милениче.

Преку фотографијата на која мистериозен човек лежи на подот додека нејзиното куче Клајд го крева погледот кон неа, Џенифер напиша: Те гледам, Клајд! Актерката (51) не се обрати и до мистериозниот човек што лежи покрај малото пријателче оставајќи ги фановите да се прашуваат кој е тој.

 

Добедничката на Еми-награда јасно стави до знаење дека е на снимање на втората сезона на хит-серијата The Morning Show со Рис Витерспун.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Дајан Китон импресионирана од новата верзија на „Кум 3“

Објавено пред

Дајан Китон е еуфорична во пофалбите за изменетата верзија на последниот дел од трилогијата „Кум“ на Френсис Форд Копола по добиената шанса да ја гледа.

Во разговор со „Варајети“ оваа среда актерката рече дека гледањето на новиот филм бил еден од најдобрите моменти во нејзиниот живот.

Оваа верзија на последниот од трите ремек-дела на Френсис Копола, со наслов „Кум на Марио Пузо, „Кода: Смртта на Мајкл Корлеоне“, се обидува да ги реши проблемите во оригиналниот филм што ги остави критичарите потиштени кога беше премиерно прикажан кон крајот на 1990 година.

„Ова беше еден од најдобрите моменти во мојот живот“, се воодушеви Китон кога го виде филмот на приватна проекција, која Копола ја организира во една од малите киносали на „Парамаунт “ за себе и за оригиналните ѕвезди Ал Пачино, Талија Шајер и Џорџ Хамилтон.

„За мене, тоа беше остварување на сонот. Го видов филмот во сосема поинакво светло“, рече таа.

Иако филмот имаше комерцијален успех заработувајќи речиси 137 милиони долари наспроти буџет од 54 милиони долари, многу критичари не беа импресионирани од него, особено во споредба со првите два филма „Кум“, кои се сметаат за ремек-дела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија6 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија7 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа7 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион9 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија9 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија11 час

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија12 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија12 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија14 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ16 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија17 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија17 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет17 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет17 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија1 ден

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија1 ден

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија1 ден

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет1 ден

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен1 ден

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Досие