Контакт

Забава

Родила три часа откако дознала дека е бремена

Објавено пред

Британката Белинда Вајт родила здраво девојче, три часа откако и соопштиле дека е бремена.

Британката Белинда Вајт родила здраво девојче, три часа откако и соопштиле дека е бремена.

Младата дваесет и едногодишна девојка, последните девет месеци неколкупати била на лекарски преглед, но никој не и споменувал бременост, туку дека боледува од синдром на нервозни црева.

Таа неколку месеци не се чувствувала добро и иако често ја посетувала болницата, лекарите и ја давале истата дијагноза.

Еден ден пред да се породи и соопштиле дека е трудна, но дека е во третиот месец на бременоста./крај/блиц/см



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Војводата од Сасекс сугерира дека Ковид-19 е казна од мајката природа

Објавено пред

Принцот Хари, војводата од Сасекс, предизвика контроверзии со неговата сугестија дека Ковид-19 е казна од мајката природа, коментираат британските медиуми.

„Изгледа дека мајката природа нè испрати во нашите соби поради лошо однесување,“ рече принцот Хари во разговор со Елен Виндемут и Сем Сутарија од „Ватербир“, нова онлајн-платформа која нуди бесплатна содржина на повеќе од 80 добротворни и невладини организации во светот.

Говорејќи за својата улога како претседател на „Африкански паркови“, принцот Хари нагласи: „Секоја капка дожд што паѓа од небото ѝ олеснува на пресушената земја. Што ако секој од нас е капка дожд? Што ако секој од нас се грижи? Ние се грижиме, ние мора да го правиме тоа затоа што на крајот на денот природата е нашиот извор на живот“.

„Престојот во природа лекува. Да се биде во природа е најлековит дел од животот“.

Прикажи повеќе...

Забава

Јапонската принцеза Мако сепак ќе се омажи за својот свршеник

Објавено пред

Сите сакаме нашите родители да нè поддржуваат во нашите одлуки, особено кога станува збор за работи поврзани со љубовта. И, иако е убаво да го добиете семејниот печат на одобрување, тој носи прилично поголема тежина во традиционална институција како што е монархијата.

На јапонската принцеза Мако, внука на јапонскиот император Нарухито – сегашен монарх во земјата – без сомнение ќе ѝ олесни што нејзиниот татко, принцот престолонаследник Фумихито, официјално изјави дека ги одобрува плановите на својата ќерка да се омажи.

Коментарот доаѓа по свршувачката која се одолговлече речиси две години откако принцезата Мако требаше да стапи во брак со нејзиното момче Кеи Комуро.

„Кјодо њуз“ известува дека венчавката била одложена поради наводен судски спор за пари во кој била вклучена мајката на Комуро. Сепак, на прес-конференцијата одржана во Токио пред неговиот 55-ти роденден во понеделникот, престолонаследникот Фумихито изјави: „Одобрувам да стапат во брак“.

Ваквата изјава доаѓа откако 29-годишната принцеза издаде соопштение минатиот месец, во кое ја нагласи својата решеност да се омажи за Комуро.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Џоди Фостер се соочува со затвореник во Гвантанамо во драмата „Мавританецот“

Објавено пред

Во напнатата драма The Mauritanian („Мавританецот“), Бенедикт Камбербач и Џоди Фостер се соочуваат со гонење на наводниот главен регрутер за терористичкиот напад врз САД што се случи на 11 септември 2001 година.

Напнатата правна драма треба да биде објавена на време за разгледување на кандидатите за „Оскар“, а во вторникот се појави и првиот трејлер од три минути.

Филмот на режисерот на „Последниот крал на Шкотска“ Кевин Мекдоналд е заснован на мемоарите на Мохамед Улд Салахи, поранешен притвореник во американската база Гвантанамо во Куба кој бил држен во затворот 14 години без претходно судење.

Во неговиот бестселер „Дневник од Гвантанамо“ што беше првпат објавен во 2015 година, Салахи, роден во Мавританија, детално објаснува како бил злоупотребуван и измачуван за време на неговото заробеништво, кое траело од 2002 до 2016 година.

Трејлерот се отвора со Џоди Фостер во улога на бранителка Ненси Оландер, која пристигнува во амеиканската база во заливот Гвантанамо да го посети нејзиниот клиент Салахи, кого го глуми Тахар Рахим.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија2 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија5 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Македонија7 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија7 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија7 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија8 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија8 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет8 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион9 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет9 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион9 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија9 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет11 час

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет12 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет12 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет13 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија1 ден

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија1 ден

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Досие