Контакт

Забава

Пропаднал во лифт, мислејќи дека влегува во WC

Објавено пред

Кинез поминал со полесни повреди откако мислејќи дека влегува во WC, ја отворил вратата од лифтот и пропаднал 30 метри во подрум.

Кинез поминал со полесни повреди откако мислејќи дека влегува во WC, ја отворил вратата од лифтот и пропаднал 30 метри во подрум.Кинезот (38) бил гостин со сопругата на венчавка. За време на вечерата тргнал кон WC-то и не се вратил. Сопругата почнала да ѕвони на неговиот мобилен, меѓутоа тој не се јавувал. Три и пол часа подоцна, одговорил на нејзиниот повик, но не можел да зборува и испуштал само чудни звуци. Тогаш гостите почнале да го бараат и го нашле на дното на отворот за лифтот.Докторите во локалната болница која го примила повредениот, биле изненадени што 38-годишниот Кинез имал само полесни повреди. /крај/ксх/ко



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Мајкл Б. Џордан се приклучува на OnlyFans платформата

Објавено пред

Мајкл Б. Џордан, кој минатата недела беше прогласен за најсекси маж во светот за 2020 година според магазинот „Пипл“, откри дека ќе отвори профил на платформата OnlyFans, страница со содржини за возрасни, но наведе дека ваквиот потег е за добротворни цели.

33-годишниот актер изјави дека планира да се приклучи на 18+ страницата врз база на претплата, каде што фановите можат да плаќаат за да видат делови од неговото телото, но инсистираше на тоа дека сите приходи од неговиот профил ќе бидат наменети за финансирање на училишта.

 

Во текот на гостувањето во живо во емисијата на Џими Кимел, тој рече: „Јас ќе започнам нешто ново, но сите приходи ќе одат за училиште за бербери, бидејќи во време на самоизолација многу бизниси и училишта се затворени “.

Мајкл се пошегува дека профилот на платформата ќе биде посветен на неговите нови мустаќи, кои ги израсна за време на самоизолација и кои ги нарекол Марфи.

На прашањето дали профилот на 18+ платформата ќе биде отворен во блиска иднина, тој рече: „Да, секако“.

Прикажи повеќе...

Забава

Гордон Ремзи се лути кога луѓето мислат дека му е дедо на 19-месечниот син

Објавено пред

Славниот готвач (54), кој има пет деца – Меган (22), близнаците Џек и Холи (20), Матилда (19) и Оскар (19 месеци) – со сопругата Тана, е уморен од тоа што луѓето, кога сите се заедно, мислат дека неговото најмало дете, всушност, му припаѓа на постариот син, а дека тој е дедото.

„Најлошата работа е кога шетаме со Тана и Џек и сите гледаат во Џек како Оскар да е негов син. Сигурно сте горди што сте дедо“, вели Гордон алудирајќи на тоа што си го мислат луѓето кога ги гледаат сите заедно, и на крајот додава: „По ѓаволите, тој е наш“.

„Ако уште еднаш ме наречат дедо, ќе бидам многу лут!“

Гордон е познат по својата страст кон фитнесот и е воодушевен што неговите деца тргнаа по неговите стапки кога станува збор за настани за издржливост.

Легендарниот готвач за новиот број на британското списание Men’s Health изјави: „Мојот син Џек го направи својот прв ‘Ајрон-мен’ 70.3 минатата година. Сите деца влегоа на лондонскиот маратон собирајќи пари за детската болница ‘Грејт Ормонд’. Тана ќе се посвети на 10. маратон. Јас се пријавив за маратонот во Лондон и на два во Лос Анџелес“.

Прикажи повеќе...

Забава

Макартни: Роденденот на Ленон ме потсетува на фантастичните времиња што ги поминавме заедно

Објавено пред

Сер Пол Макартни се осврна на тоа како датумот на роденденот на Џон Ленон, покојниот колега од легендарниот бенд, го натерал да размислува за најубавите спомени со него.

Ленон, починатата икона на „Битлси“, ќе го славеше 80. роденден на 9 октомври поттикнувајќи низа познати лица да му оддадат почит минатиот месец.

Дискутирајќи за прослави во новото интервју за „Анкат“, Макартни објасни како овој датум кај него предизвикал мешавина од емоции.

„Ова е среќно и тажно. Тажно бидејќи ме потсетува дека е убиен – но исто така ме потсетува на фантастичните времиња што ги поминавме. Ме радува што го споделив сето тоа со него“, рече тој.

„Сакам да се навраќам на раните времиња. Се сеќавам, еднаш се обидовме автостоп да одиме во Шпанија, но стигнавме само до Париз. Многу ни се допадна, останавме таму, само ние двајца. Бевме во еден мал хотел во Париз – евтин и со многу болви. Мајка ми беше медицинска сестра и сите ние обраќавме многу внимание на хигиената, и да завршиш во таков хотел – каков пекол! Тие работи ве зближуваат“.

Во истото интервју тој се осврна на тоа како сè уште во мислите го консултира Ленон додека пишува нови песни.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија4 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија5 часа

Свршувачка со 30 и свадба со 90 гости – глоба за скопјани поради организирање собири

Скопското Обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект поради организирање масовни собири за...

Македонија6 часа

За една недела, регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излекувани и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лицата над 60...

Свет6 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија6 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет7 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет20 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет21 час

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија22 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион1 ден

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа1 ден

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија1 ден

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион1 ден

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија1 ден

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа1 ден

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија1 ден

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Досие