Контакт

Забава

Американка го превесла Атланскиот океан

Објавено пред

Дваесет и две годишната Американка Кејти Спотс после 71-дневно патување стана најмладата жена која со веслање го поминала Атланскиот океан,

Дваесет и две годишната Американка Кејти Спотс после 71-дневно патување стана најмладата жена која со веслање го поминала Атланскиот океан, соопштија во понеделник медиумите во американскиот град Џорџтаун.

Во моментот на пристигнувањето, Спотс со бурен аплауз беше дочекана од своите роднини, пријатели и фанови во моментот додека пристигнуваше со својот чамец.

Оставајќи ги на страна неколкуте непријатни ситуации, Спотс изјави дека се чувствува добро бидејќи ова патување за неа преставува своевидно остварување на сонот.

“Веслав по 10 часа на ден и сонот што го имав од детството за мене беше најголемиот предизвик“-изјави Спотс која во јануари годинава го започна патувањето од Сенегал.

Целта на патувањето за 22-годишната американка е да собере пари за добротворни цели односно да им се обезбеди вода за пиење на една милијарда луѓе во целиот свет.

Според пишувањата на медиумите, Спотс во ваквиот негов подвиг собра 65.000 долари./крај/бг/вм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Кејт и Вилијам кријат од принцот Џорџ дека ќе стане крал

Објавено пред

Трет во редот за круната, по 71-годишниот дедо, принцот Чарлс, и 38-годишниот татко, принцот Вилијам, е малиот Џорџ, кој поради тоа, уште на самиот почеток доби многу поголемо значење отколку сестра му Шарлота и братот Луис, кои се родени подоцна.

Токму поради тоа значење, но и одговорноста што ја носи титулата, од Џорџ со години се крие една голема тајна.

Авторката што се занимава со кралското семејство, Кетрин Мејер, за „Е! Њуз“ објасни дека сакајќи да го заштитат своето дете од притисокот на сите наследници на круната, Кејт и Вилијам сакаат да го одложат дознавањето на Џорџ дека еден ден ќе биде британски крал.

„Тие одлучија да го одложат моментот во кој ќе му кажат каква иднина го чека затоа што сакаат тој да има што е можно понормално растење и неоптоварено детство“, објасни Мејер.

Тој веќе сфатил дека не е обично момче, но Кејт инсистира да порасне во нормално опкружување со цел да му овозможи детство какво што таа имала.

Прикажи повеќе...

Забава

Џад Ло: Научниците предупредија дека не е прашање дали, туку кога ќе има пандемија

Објавено пред

Филмот „Зараза“ (Contagion) од 2011 година сега изгледа морничаво кога станува збор за прикажување модерна пандемија, со оглед на неговите паралели со сегашната пандемија на Ковид-19.

А sвездата на филмот, Џад Ло, се осврна на сличностите во интервјуто за GQ овој четврток.

„Постоеше апсолутно чувство дека ова ќе се случи“, рече 47-годишниот актер кога разговараше за неговите најиконски улоги.

Тој рече дека научниците го предупредиле за време на снимањето на акција-трилерот „Зараза“ во 2011 година дека вистинската пандемија e неизбежна и дека е прашањето не било дали, туку кога ќе почне.

„Тие предупредија дека вистинската пандемија e неизбежна“, рече Ло цитирајќи еден од нив: „Не е прашање дали, туку кога ќе се случи“.

Ло појасни дека неколку научници биле повикани во текот на снимањето на филмот за да соработуваат со сценаристот Скот Барнс и режисерот Стивен Содерберг. „Тие беа многу искусни индивидуи, кои знаеја што да очекуваа“.

Прикажи повеќе...

Забава

Ријана им праќа љубов на американските домородци

Објавено пред

Додека Американците го слават својот омилен празник Денот на благодарноста, Ријана испрати порака на сочувство до американските староседелци.

32-годишната убавица од Барбадос се огласи на својот „Инстаграм“ во четвртокот попладнето со искрена порака.

Иако Тенксгивинг е омилен кај Американците, овој празник честопати е брутален потсетник за американските староседелци (Индијанци) за смртта на нивните предци, а Ријана сочувствува со нив, пренесуваат таблоидите.

„Некои слават денес… многу се во жалост! Им испраќам љубов на сите мои браќа и сестри домородни Американци“, напиша таа и објавата ја сподели на „Инстаграм приказни“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Ахмети: Верувам во европските вредности на Бугарија и се надевам дека ќе најдеме заедничко решение

Премиерот Зоран Заев ја ризикува својата политичка кариера, само за да го деблокира патот на земјата за интегрирање во Европската...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: „Мој термин“ функционира, нема одложување на хроничните интервенции

Системот „Мој термин“, освен во некои клиники каде што е редуциран, насекаде работи нормално. Нема одложување на хроничните интервенции, изјави...

Економија4 часа

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Регион4 часа

Словенечки педијатри: Некои деца заразени од Ковид-19 имаат потешка клиничка слика

Иако децата главно ја поминуваат инфекцијата со коронавирус без или со благи симптоми, тие поради силната имунолошка реакција може да...

Македонија5 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет5 часа

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет6 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет6 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет7 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт7 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет7 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет7 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет8 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија19 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија21 час

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија21 час

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа21 час

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион23 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија24 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија1 ден

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Досие