Контакт

Забава

Малата сирена од Копенхаген се сели во Шангај

Објавено пред

Симболот на Копенхаген, статуата на малата сирена ќе биде изложена на ЕКСПО во Шангај.

Симболот на Копенхаген, статуата на малата сирена ќе биде изложена на ЕКСПО во Шангај.

На нејзиното место привремено ќе се постави  видео инсталација на кинески уметник.

Статуата на малата сирена, симболот на Копенхаген, овие денови со брод ќе биде испратена во Шангај, каде ќе биде еден од главните експонати во данскиот павилјон во рамките на ЕКСПО 2010.

Статуата која е дело на  Едвард Ериксен а од 1913 година се наоѓа на копенхагенското пристаниште често беше цел на вандалски напади, два пати сирената остана без глава, еднаш без рака, а во 2003 година настрада во експлозија.

Градоначалникот на Копенхаген Фран Џенсен рече дека сирената оди во Шангај како дел од културната размена меѓу Кина и Данска, иако нејзиниот привремен престој во странство предизвика жестока дебата.

„Верувам дека таа ќе биде одличен амбасадор на Данска, особено затоа што Кинезите се големи фанови на Ханс Кристијан Андерсен и неговите бајки “, вели Џенсен.

Малата сирена е лик од приказната на Андерсен во која сирената несреќно се вљубува во принцот./крај/хн/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Маја Оџаклиевска ја напушта сцената: „Уморна сум од сè “

Објавено пред

Пејачката Маја Оџаклиевска при гостување во емисија, откако отпеа песна најави дека тоа е нејзиниот последен настап за збогување. По тој повод, таа истакна дека е уморна од сè и дека нејзиниот настап во шоуто е „убаво збогување“, на коешто никој не се надеваше.

„Овој пат ме потсетивте да ве кажам дека ова навистина би било убаво збогување, затоа ќе ве молам да не настапувам, да, знам дека ви се допаѓа тоа, но малку сум уморна од сето тоа. Јас ви простувам што ме поканивте, во во секој случај, благодарам и секако, нека биде ова убаво збогување“, рече пејачката.

Маја ретко се појавуваше во јавноста последните неколку години, а во тоа време се грижеше за нејзиниот внук Лука, на кого пред седум години му беше дијагностициран аутизам.

Прикажи повеќе...

Забава

Мајкл Џексон и Фреди Меркјури снимиле балада која не била објавена 30 години

Објавено пред

Mr. Bad Guy беше објавенa во 1985 година, но верзијата на песната вклучена во албумот на „Квин“ не е верзијата што Фреди ја снимил со Џексон, пишува „Дејли експрес“.

Џексон и Фреди ја снимиле песната како дует, како и две други песни – State of Shock и Victory.

По смртта на Џексон во јуни 2009 година, Брајан Меј и останатите членови на „Квин“ работеа со наследниците на Џексон за да ги објават овие песни, пренесува британскиот весник

Првичниот план на бендот беше да го издадат дуетот на Џексон-Фреди во 2012 година на компилацискиот албум Queen Forever.

Меѓутоа, Меј имал големи проблеми кога соработувал со компанијата на Џексон, и едвај успеал да ја објави песната две години подоцна, во 2014 година – 33 години откако првично била снимена.

Прикажи повеќе...

Забава

Хали Бери ѝ даде инструкции на Мекој по коментарот дека не е добра во кревет

Објавено пред

Хали Бери е актерка од врвна класа.

Неодамна се појавија гласини дека ѕвездата на хитот „Шифра сабјарка“ е „лоша во кревет“ по несоодветниот коментар на една од водителките на подкастот Cocktails with Queens.

Откако се појавија блогови кои го пренесоа разговорот на водителките на подкастот – Лиза Реј Мекој, Клаудија Џордан, Вивица Фокс и Силена Џонсон  – оскаровката Бери дозна дека била спомната во лоша конотација и затоа во средата се огласи на социјалните мрежи за конечно да ја затвори темата.

Во твит во кој директно ѝ се обраќа на Мекој, Хали напиша: „Г-ѓа @ TheRealLRaye1, прашај го мојот човек Ван Хант, тој ќе ти каже сè што треба да знаеш“.

Сексуалната спосбност на Бери беше доведена во прашање кога домаќинките на подкастот зборуваа за сексуалниот живот на Тони Бракстон, и потоа едната од нив ја спомна Бери.

На прашањето дали сака да каже дека Бери „е лоша во кревет “ Мекој продолжи: „Така велат. Тоа е она што го прочитав, и така слушнав“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови

ВМРО-ДМНЕ најави дека денеска ќе протестира во 11 градови. „Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди...

Македонија12 часа

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на...

Свет14 часа

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија16 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија17 часа

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија20 часа

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија20 часа

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија21 час

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет21 час

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион22 часа

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа23 часа

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа23 часа

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт24 часа

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија1 ден

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет1 ден

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија1 ден

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија1 ден

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион2 дена

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа2 дена

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Регион2 дена

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Досие