Контакт

Забава

Револуцијата започна: Англичаните гледаа натпревар на првиот 3Д канал

Објавено пред

Вчерашниот ден ќе остане како еден од поважните датуми во историјата на телевизијата, бидејќи започна со емитување првиот европски 3Д телевизиски канал.

dobivaj vesti na viber

Вчерашниот ден ќе остане како еден од поважните датуми во историјата на телевизијата, бидејќи започна со емитување првиот европски 3Д телевизиски канал. Кон крајот на минатата година Скај најави приказ на фудбалски натпревари во 3Д, а вчера го исполни ветувањето, емитирајќи го во 3Д преносот на дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи на Скај Д спортскиот канал, прв од таков вид во Европа. Имено, девет британски пабови опремени со 3Д телевизори и претплата на Скај го прикажувале мечот, така што во телевизијата проценуваат дека историскиот пренос во 3Д го следеле меѓу 450 и 700 луѓе. Но, амбициите на корпорацијата БСкајБ(Бритиш Скај Броадкастинг) на Руперт Мурдок се многу поголеми – до крајот на годината сака да воведе 3Д во домовите на Британците, како и во десетици илјади пабови кои се претплатени на Скај ТВ. Претставниците на БСкајБ соопштија дека Скај 3Д ќе биде бесплатен за сите претплатници на ХД услугата на Скај, но дека за целосно уживање, ќе им бидат потребни и 3Д телевизори, како и специјални очила. Првите 3Д телевизори оваа пролет на пазарот ќе ги исфрлат Сони, Самсунг, ЛЏ и Пансоник, а секој купувач ќе добие 3Д наочари. Покрај спортскиот, Скај 3Д ќе емитува и филмска, забавна, културна и документарна програма. /крај/дн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Принцот Хари и Меган Маркл меѓу најмалку популарните членови на кралското семејство, покажува истражување

Објавено пред

Принцот Хари и Меган Маркл се меѓу најмалку популарните членови на британското кралско семејство, според анкетата на YouGov.

dobivaj vesti na viber

Од 2.004 возрасни анкетирани, 31 отсто имале позитивно мислење за Хари, а само 26 отсто од луѓето рекле дека имаат позитивно мислење за војвотката од Сасекс.

Единствениот член на кралското семејство кој е помалку популарен од Хари и Меган е принцот Ендру, кој претходно беше поврзуван со сексуалниот престапник Џефри Епштајн, пренесува британски Експрес.

Анкетата, која беше спроведена на почетокот на овој месец, покажа дека помладата генерација има ниско мислење за кралското семејство воопшто.

Според информациите, принцот Хари следниот месец ќе ја посети Велика Британија за да ги прослави „Непобедливите игри“, во кои учествуваат воени ветерани со посебни потреби.

Експрес наведува дека не е сигурно дека Меган ќе му се придружи на нејзиниот сопруг, а коментаторот Ричард Фицвилијамс рекол дека војвотката е „особено непопуларна во Британија“ и дека не го очекува нејзиното доаѓање, бидејќи последен пат ја посетила земјата за време на погребот на кралицата Елизабета II.

Популарноста на војводата и војвотката од Сасекс опадна во 2020 година, кога решија да ја напуштат Британија, а интервјуто на парот со водителката Опра Винфри и автобиографијата на Хари, во која парот наводно го нападна кралското семејство, ги направи уште помалку популарни

Прикажи повеќе...

Забава

Бил Гејтс е загрижен дека ќе ја изгуби работата поради вештачката интелигенција

Објавено пред

Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“, неодамна изрази загриженост дека вештачката интелигенција може да ja преземе неговата работа и покрај тоа што е еден од нејзините најголеми поборници.

dobivaj vesti na viber

Во една епизода од неговиот поткаст Unconfuse Me with Bill Gates тој разговараше со извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, каде што ги сподели своите ставови за брзината на напредокот на технологиите за вештачка интелигенција за кои вели дека го изненадиле со нивната ефикасност.

За време на разговорот тие допреа до теми, како што се GPT-5, суперинтелигенција и видеоспособности, кои доаѓаат на ChatGPT.

Гејтс призна дека е скептичен кон вештачката интелигенција и дека не очекува чет-ботови, како ChatGPT, да бидат толку способни да извршуваат сложени задачи.

Еден од најважните моменти на поткастот беше кога Гејтс го изрази својот страв дека вештачката интелигенција може да ги замени луѓето на многу работни места.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Сандра Булок се кае што глумеше во еден филм: И денес се срамам

Објавено пред

Многу ѕвезди ќе издвојат барем една улога за која жалат, а тоа важи и во случајот со Сандра Булок. 59-годишната актерка се појави во многубројни хитови, но во нејзината кариера има еден филм за кој жали. Како што вели, до ден-денес се срами од улогата во филмот „Брзина ​​2“.

dobivaj vesti na viber

„Отсекогаш ми беше непријатно да се појавам во ‘Брзина ​​2’. Сè уште ми е непријатно денес. Бев јасна за тоа. Заплетот нема смисла. Бродот полека се движи кон островот“, рече таа.

„Брзина ​​2“ беше објавен во 1997 година како продолжение на хитот „Брзина“ од 1994 година, во кој таа глуми со Кијану Ривс. Булок се враќа како Ени, која се обидува да ја спаси ситуацијата со своето момче (Џејсон Патрик) откога нивниот брод за крстарење е киднапиран. Ривс не се појави во продолжението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет40 минути

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија1 час

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион2 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет3 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет3 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион3 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија13 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија13 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија20 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија21 час

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија21 час

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија22 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија23 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized23 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ23 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија1 ден

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет1 ден

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...