Контакт

Забава

Туркменистан ќе ја затвора „Вратата на пеколот“

Објавено пред

Претседателот на Туркменистан, Курбангули Бердимухамедов нареди да се започне со затворање на големиот огнен кратер во Дерваз, во пустината Каракум, место кое меѓу локалното население е познато како “Врата на пеколот“.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Туркменистан, Курбангули Бердимухамедов нареди да се започне со затворање на големиот огнен кратер во Дерваз, во пустината Каракум, место кое меѓу локалното население е познато како “Врата на пеколот“. Кратерот со обем од околу шеесетина метри, а длабок дваесетина, се направил при пробните дупчења во 1971 година. Тогаш од дупката почнале да истекуваат големи количества метан, а бидејќи тоа е опасен стакленички гас, инженерите одлучиле да го запалат, надевајќи се дека метанот набргу ќе прекине да истекува и огинот сам ќе згасне. Меѓутоа, кратерот продолжил да испушта гас и оганот со несмалена жештина гори и ден денешен. Бидејќи Туркменистан на тоа подрачје планира да започне со експлоатација на гас, претседателот од локалната власт побарал да го затрупаат кратерот бидејќи оганот би можел да ги загрози идните проекти. Инаку, Киргистан произведува околу 75 милијарди кубни метри гас годишно, а во наредните 20 години има за цел тројно да го зголеми извозот на гас во Западна Европа, Индија и Пакистан.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Мрачните страни на секој од хороскопските знаци

Објавено пред

Секој хороскопски знак носи своја темна страна која може да биде предизвик, но нуди и можност за личен раст и развој. Разбирањето и прифаќањето на овие помалку светли аспекти на нашите астролошки профили може да ни помогне да станеме подобри верзии на себе.

dobivaj vesti na viber

Што се крие во сенката на секој хороскопски знак.

Овен: Импулсивност и агресивност

Овните се познати по својата храброст и енергија, но нивната импулсивност може да ги доведе во неволја. Тие се склони кон ненадејни реакции и понекогаш агресивно однесување кога работите не одат според нивниот план.

Бик: Посесивност и материјализам

Бикот ја цени сигурноста и удобноста, што може да ги доведе до прекумерна посесивност и материјализам. Тие имаат тенденција да акумулираат имот до тој степен што може да ги задуши другите аспекти од нивниот живот.

Близнаци: Неконстантност и дволичност

Близнаците се прилагодливи и комуникативни, но нивната способност да ги гледаат работите од различни перспективи може да ги направи непостојани, а понекогаш и со две лица, збунувајќи ги оние околу нив.

Рак: Преосетливост и манипулативност

Раковите се исклучително емотивни и сочувствителни, но нивната пречувствителност може да ги доведе до емоционална манипулација со цел да го заштитат своето ранливо срце.

Лав: Егоизам и доминација

Лавовите се родени како лидери и сакаат да бидат во центарот на вниманието, но нивното его може да прерасне во себичност и потреба да доминираат, што може да ги отуѓи другите.

Девица: Перфекционизам и критичност

Девиците се познати по тоа што се методички и аналитички настроени, но нивниот перфекционизам може да доведе до парализа на анализата и прекумерна критика кон себе и кон другите.

Вага: Неодлучност

Вагите се стремат кон хармонија и рамнотежа, но нивната потреба да им угодат на сите може да резултира со неодлучност. Исто така, нивната фасцинација со убавината може да ги наведе да прават површни проценки на луѓето и ситуациите.

Шкорпија: Опсесивност и одмаздољубивост

Шкорпиите се интензивни и страсни, но нивните длабоки емоционални вложувања можат да станат опсесивни. Кога се повредени, можат да бидат крајно одмаздољубиви.

Стрелец: Непромисленост и тактичност

Стрелците се познати по својата искреност и оптимизам, но нивната директност може да биде непромислена и да ги повреди другите. Исто така, нивната желба за слобода може да ги доведе до неодговорно однесување.

Јарец: Песимизам и непопустливост

Јарците се дисциплинирани и амбициозни, но нивната тенденција да го гледаат светот црно-бело може да ги направи песимисти и крајно непопустливи.

Водолија: Отсуство и студенило

Водолиите се иновативни и неконвенционални, но нивната потреба за индивидуалност може да ги направи емотивно отсутни и ладни, што го отежнува градењето длабоки врски.

Риби: Се жртвуваат и бегаат од реалноста

Рибите се сочувствителни и интуитивни, но нивната тенденција да се жртвуваат за другите може да ги истроши. Исто така, нивната желба да избегаат од реалноста може да ги доведе до нездрави облици на бегство.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата

Објавено пред

Серијата „Симпсонови“, која со голем успех се емитува повеќе од триесет години, во новата епизода остана без еден од своите постојани ликови, Лери – редовен гостин во Moe’s Tavern, а Хомер, Мо, Лени и Карл присуствуваа на неговиот погреб.

dobivaj vesti na viber

Тие сфаќаат дека знаеле многу малку за нивното познанство, а Хомер се прашува дали тие можеби се „ужасни луѓе“, особено откога мајката на Лери ги нарекува негови „најдобри пријатели“.

Потоа четворката од таверната има задача да ја однесе пепелта на Лери.

Иако беше тивок лик, кој немаше централна улога во серијата, Лери е редовен гостин во Moe’s Tavern уште од првите епизоди во 1989 година, што ја прави неговата смрт значајна за многу фанови на „Симпсонови“, пишува NME.

Инаку, ова е 35-та сезона на „Симпсонови“, а потврдено е дека ќе се снима и следната.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса

Објавено пред

Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.

dobivaj vesti na viber

Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.

„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.

„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.

Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија1 час

Евидентирани 12 случаи на фотографирање гласачко ливче, шест пријави за нудење поткуп и 15 пријави за агитирање, соопшти Тошковски

Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денешниот изборен ден поминал во безбедна, мирна и демократска атмосфера. Како што рече,...

Македонија2 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија2 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија2 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија2 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија3 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија3 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија3 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија4 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија4 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија5 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија7 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија9 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија9 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија9 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија11 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија11 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион12 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...